Почетна / Вебновела / ВРЕЛА СТРАСТ, #024 | ARDIENTE PASIÓN

ВРЕЛА СТРАСТ, #024 | ARDIENTE PASIÓN


 

24то продолжение

 

Матакан беше и повеќе од свесен дека доколку го задоволи дон Вадо, вечно ќе ја има неговата наклонетост, затоа и му беше од толку важно значење да открие што повеќе за фамилијата на Ектор Фалкон. По неуспешниот обид за убиство врз Тристан Фуего, Матакан беше свесен дека ако ја прокоцка и оваа шанса, дон Вадо ќе ја загуби довербата во него и задачите кои тогаш ќе ги добива ќе бидат косење на тревникот, чистење на базенот  и секако, чевлите на кралот на златото.

Неговиот голем сомнеж беше готвачката Саграрио Фуего. Вечно исплашената жена, која никогаш не се појавуваше пред Ектор криеше голема тајна и Матакан беше волен да ја открие истата. Затоа одлучи да ја посети нејзината скромна куќа и да ја дознае вистината. Во куќата на готвачката најде фотографии од две момчиња на слична возраст кои ги поведе со себе. Беше сигурен дека очите на едно од момчињата ги имаше видено и претходно. Тоа му беше првииот чекор кој го водеше понатаму. Во фиоката со документација го најде родениот лист на нејзиниот првороден син Сантијаго Фуего.

–          Без загонетки, Матакан. Ако ми носиш лоши вести ќе те отпуштам, – пакосно му рече дон Вадо, кога Матакан се врати во вилата Ла Дорада по ископувањето на предмети во домот на готвачката.

–          Ја завршив задачата, дон Вадо. Овој пат можам со сигурност да кажам дека не ве изневерив. Во оваа папка се крштениците од синовите на Саграрио Фуего. А оваа фотографија открива многу нешта.

Вадо ја зеде подадената фотографија на која беа сликана две момчиња на слична возраст, немаа повеќе од десетина години.

–          Ектор…Ова е Ектор.

–          Да, дон Вадо. Ектор Фалкон е брат на Тристан Фуего, син на готвачката Саграрио Фуего. Коцките полека се склопија.

–          Ектор и Тристан се браќа, – повторуваше дон Вадо.  – Саграрио дојде во мојата куќа за да биде близу својот син. Да биде до Ектор.  Мојот син, мојата гордост, мојот Ектор…еден ден, кога Ектор беше млад, му пријдов и го прашав; Што очекуваш од животот? Да бидам крал на златото како вас, ми одговори. Од тој момент знаев дека пред мене е вистински ученик, вистински наследник, момче кое знае што сака. Не зажалив ни за парите кои ги оставив на неговото школување.

–          Претпоставувам дека сега после сето ова ќе го тргнете од компанијата, – ликувајки за падот на Ектор, праша Матакан.

–          Претпоставуваш лошо како и обично, – презирно му врати дон Вадо. – Ектор не знае дека неговата биолошка мајка работи овде. Но, јас ќе и приредам  вистинско изненадување на таа жена. Ќе направам Ектор да ја третира онака како што заслужува, како слугинка.  Бидејки Ектор е мој син, мој! Ми припаѓа мене! Саграрио не е свесна каков пекол ја чека. Ектор е мојот проект. Нема да дозволам никој да ми го земе.

 

Дон Вадо сакаше уште малку да си поигра со Саграрио пред да ја казни за тајната која ја криеше од него. Слезе долу во кујната каде што готвачката ја спремаше вечерата.

–          Слушнав дека твојот помал син е пуштен на слобода, Саграрио.

–          Да, дон Вадо. Благословена да е Богородица која му помогна да излезе од тоа клето место.

–          Саграрио, знаеш како жните озборуваат, особено жените во оваа куќа, – мазно додаде Вадо. – Слушнав дека имаш два сина, но никогаш не си го споменала другиот, постариот.

Вадо ја забележа збунетоста кај готвачката.

–          Мојот постар син не е во државата дон Вадо, студира во странство, – му одговори не подигнувајки го погледот од лонецот во кој мешаше.

–          Мистика ми наговести како го третираш мојот посинок Ектор. Дека му ги спремаш омилените јадења и дека често знаеш да му ги испеглаш кошлите, иако тоа не е твоја задача. Од друга страна пак, ме чуди како толку му угодуваш а уште и не си го сретнала.

–          Вашиот син ме потестува на мојот син Сантијаго, па можеби затоа.

–          Сантијаго велиш? Тристан и Сантијаго Фуего?

–          Да, господине. Моте два сина се различни како оган и вода. Не само што физички се различни, туку и карактерно. Израснаа заедно но потоа секој продолжи по својот пат.  Тристан остана со мене во Малиналко, а Сантијаго замина на студии.

–          Навистина би сакал еден ден да го запознаам твојот постар син, Саграрио.

–          Можеби еден ден…Кога Сантијаго ќе се врати.

 

По краткиот разговор со готвачката, Вадо сакаше да биде сигурен дека Ектор не го лаже и дека сето ова време не е во контакт со неговата фамилија.

–          Дали си се видел со својата фамилија, Ектор?, – го праша спонтано за време на закуската во градината, додека Ектор пиеше сок од портокал и ги читаше новините за берзата.

–          Не, уште не сум ги видел.

–          Ектор, не сакам никогаш да заборавиш дека јас ти го дадво името. Јас ти го дадов моето презиме како на роден син, ти ги дадов сите титули, образованието, се што денес си.

–          Ода каде сега ова?

–          Не заборавај дека те извлеков од сиромаштија кога беше дете и носеше плетени сандали, кога имаше само една кошула. Тој долг никогаш не можеш да ми го вратиш бидејки нема цена.  Тогаш се заколна дека ќе заборавиш на војата фамилија и дека ќе се посветиш на новиот живот и новиот идентитет. Уште тогаш знаев дека можам да верувам во тебе. Затоа те зедов од твојата мајка и брат за од тебе да направам мој наследник, нов крал на златото. Сега си раководител на најмоќната компанија во државата, но не заборавај со чија помош дојде на тоа место. Знам дека таа фотеља на која седиш ти е многу драга, но многу лесно можеш и да ја изгубиш. Животот е полн со предизвици, Ектор…Внимавај, немој да им потклекнеш на твоите слабости. Мојата империја ќе биде твоја само ако си силен, ако го правиш она што јас ќе ти го кажам. Јас те создадов. Ти ми припаѓаш мене. Твојата фамилија нема ништо со тебе. Ти си сега моја фамилија.

Ова не беше прв пат Ектор да ги слушне овие зборови од дон Вадо. Неговите зборови како клетва му одекнуваа во главата веќе со години.

 

Ектор немаше апетит за вечера, па го зеде автомобилот и замина од вилата. Дојде на она место кај пругата каде што израсна со Тристан. Се сети на колачот од рум кој неговата мајка го правеше кога беа деца. Целата куќа мирисаше убаво. Се сети на сокот од малинки кој го добиваше секој пат кога ќе донесеше петка од чилиште. Ваквите спомени развлекоа насмевка на неговото убаво лице. И одеднаш, се сети на зборовите на Вадо.

–          Јас те создадов. Ти ми припаѓаш мене. Твојата фамилија нема ништо со тебе. Ти си сега моја фамилија.

–          Можеби е така, – помисли Ектор во себе. – Тој човек управува со мојот живот и мојата судбина, но не упрравува со моето срце и моите чувства. Мама и Тристан секогаш ќе останат во моите спомени и никогаш нема да заборавам која е мојата фамилија. А и Јулиса ќе биде само моја. Ќе и го променам животот, ќе направам да живее како во бајка, ќе ги запознае САД и Европа, ќе ја одведам во Индија каде што ќе облече сари само за мене…вечно ќе бидеме заедно. Ќе имаме голема фамилија и куќа која таа ќе ја избере за нас. Ќе живее како кралица бидејки само крај неа животот има смисла.

 

Утробата на Дамијана се превртуваше при самата помсила дека пансионот за жени Ла Голондрина, некогаш бил бордел. Но тоа беше единственото место каде што можеше да ја најде Магдалена Ромеро.

–          Ти си внуката на Вадо?, – претпостави Магдалена веднаш откако ја здогледа надмената девојка.

–          Дон Еверардо Вадо Фалкон, – презирно ја поправи Дамијана. – Тоа што си му давала услуги не значи дека сте на ти.

–          Имај почит кон мене, девојко. Не заборавај дека ти доаѓаш кај мене. Што се однесува до мене, ти, твојата мајка и твојот вујко сте закопано минато за мене. Те замолувам да си заминеш од оваа куќа.

–          Не си одам пред да го дознаам она за што сум тука. Сакам да знам што се случило меѓу мојот вујко Вадо и Мелчор Рентеира пред многу години? Каде се запознале? И каква е таа приказна дека си го загубила детето кое си го чекала од мојот вујко.

–          Зошто би ти кажала било што? Ако те интересира нешто, прашај го вујко ти.

–          Скапо се продаваш, Магдалена. Кажи ми ја својата цена? Колку треба за да го одврзеш јазикот?

–          Не ме интересираат твоите пари! Оди си од мојава куќа.

–          Сите курви работат за пари!

Магдалена не можеше да си дозволи било кој да ја навредува, особено не член од фамилијата на Вадо.  И залепи силна шлаканица на Дамијана.

–          Ти се колнам дека ќе ми платиш за оваа шлаканица!- извика бесно држејки се за образот. – нема да дозволам да ме понижува една курва и поранешна проститутка!

–          Што ќе направиш?, – иронично ја праша Магдалена. – Ќе зборуваш со вујко ти, ќе му кажеш дека си сакала да ме поткупиш за да ископаш информации за него. Се пониско паѓаш секој пат штом ќе ја отвориш устата. Колку само ниско паѓаш мислејки дека останатите можеш да ги купиш со пари. Но, не е твоја вина. Сигурно ти фали љубов и внимание што си толку огорчена. Те жалам што си морала да израснеш покрај човек како Вадо. Оди си сега, немаш што да бараш овде. Нека те чува Бог и нашата Богородица од Кармен.

Дамијана ја напушти куќата на Магдалена без да ги дознае потребните информации по кои беше дојдена.

 

***

–          Таа жена е луда, горделива и проста, – Дамијана и се пожали на својата мајка Ребека, кога се врати назад во куќата Ла Дорада.

–          Дамијана, ќерко, не требало воопшто да одиш кај таа жена.

–          Сфати ме дека очајно морам да ја дознаам слабата точка на Вадо, мамо.

–          Зошто, ќерко? Зошто очајно мораш да ја дознаеш слабата точка на твојот вујко, Дамијана?

–          Мојата позиција во топилницата не е веќе сигурна како некогаш, – Дамијана реши конечно да и се отвори на својата мајка. – Но, ако мене ме исфрлат од таму, заедно и двете ќе летаме од вилата мајко. Единствен начин да останеме во оваа куќа е да дознаеме која е поврзаноста меѓу Мелчор, Магдалена и Вадо. Од тоа зависи нашата иднина и ти мораш да ми помогнеш.

 

Дамијана не беше ни свесна колку беше во право во однос на нејзината позиција во топилницата. Во меѓувреме, Антолин Варгас имаше договорен состанок со дон Вадо.

–          Не ми служиш за ништо!, – бесно го нападна дон Вадо.

–          Дојдов да ја преземам одговорноста дон Вадо. Направив се за да го тргнеме Тристан Фуего од патот. Се беше под конторла…

–          Ништо не е под контрола!

–          Дозволете ми да ви објаснам. Адвокатот што го најмив за го брани беше тргнат од случајот бидејки се појави друг, од најдобрата адвокатска фирма во земјава.

–          Тристан и неговата мајка немаат ништо! Од каде им пари да го најман најдобиот адвокат?

–          Тоа е мистерија, дон Вадо. Има некој кој ги штити. Со сите свои пари и влијаниа, адвокатот успеа да му се одобри кауција и Тристан да биде ослободен.

–          Кој по ѓаволите ја платил таа кауција?! Кој стој зад сето ова и ми работи зад грб?

За дел од секунда, со широки зеници дон Вадо се најде покрај Антолин зграпчувајки го цврсто околу вратот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …