Почетна / Телевизија / Српскиот квиз „Столици“ секое попладне на ТВ 24

Српскиот квиз „Столици“ секое попладне на ТВ 24

Српскиот квиз “Столици” започна со емитување на ТВ 24, од понеделник до петок во 17.45 часот. Многу смеа и добра енергија, многу точни, но и неточни, забавни и откачени одговори следуваат во секоја нова емисија на шоуто. Гледачите ќе научат нешто ново, ќе ја збогатат својата општа култура и ќе запознаат некои места во Србија, кои ќе ви ги презентира екипата на квизот.

Прашањата се поделени во три категории по тежина, а секоја категорија има своја вредност на награди за даден точен одговор, 1000, 2000 или 3000 динари. Секоја група/категорија има по 3 прашања. Учесникот има право на две грешки, а доколку направи и трета, заминува дома без парична награда. Помош може да побара на два начина доколку не знае одредено прашање. Првиот начин е да му се јави некому и во рок од 30 секунди да праша за одговор, а вториот начин е да праша било кој случајно сретнат минувач на улица.

Правилата се лесни и забавни, а квизот е во продукција на телевизија О2.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Стисни плеј“ вторнички посветено на концертот за Тоше

Телевизиска прмера на новиот видео запис на Викторија Лоба во соработка со Марга Сол ќе …