Од понеделник до петок во 20.30 часот, веднаш по централниот Дневник, во новата програмска сезона на МРТ 1 се емитуваат политички емисии.

Па така, понеделник и четврток се резервирани за „360 степени“. Едната емисија е интервју, а другата магазинска. Фокусот ќе биде на актуелни теми со широко општествено значење, обработени преку разговор, анализа и релевантни гледишта.

Како што пишавме, вторник и среда се резервирани за две нови дебатни емисии во кои главни гости ќе бидат познати новинари и уредници.

И петок навечер, ќе следиме „Надворешна“ со Катарина Синадиновска.

Се работи за специјализирана емисија посветена на надворешната политика на Македонија, меѓународните односи, регионалните процеси, европските и евроатлантските теми,глобалните политички и економски случувања.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
