Главниот лик е Умут, млад човек со хипертимезија, исклучителна способност детално да се сеќава на речиси сè што видел и слушнал.

Неговиот живот целосно се менува кога неговиот татко Риза, кој боледува од Алцхајмерова болест, е обвинет за убиство кое не го извршил.

Умут започнува тешка борба за да ја докаже неговата невиност и се соочува со луѓе кои располагаат со огромна моќ и влијание. На другата страна на правдата е Феџир Демиркиран, син на исклучително моќно семејство и озогласен лик во истанбулскиот живот.

Богатството и влијанието на неговото семејство му овозможуваат да остане недопирлив, додека Умут постепено открива свет во кој парите и моќта можат да ја искриват вистината и да уништат невини животи. Обидот да го спаси татко му го вовлекува Умут во опасна игра исполнета со тајни, предавства и неочекувани откритија.

Кулминацијата доаѓа за време на судењето, кога едно болно предавство целосно ќе го промени текот на неговиот живот.

Од понеделник до петок на Сител телевизија, ноќната правничка драма “Сеќавања” во 22.40 часот.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
