Почетна / Серии / Британската драма за „Доктор Мартин“ секој викенд репризно на Нова С
Секоја сабота и недела во 17 часот - репризи на Нова С

Британската драма за „Доктор Мартин“ секој викенд репризно на Нова С

Секоја сабота и недела на Нова С во 17 часот ќе се репризира британската серија “Доктор Мартин” со Марк Кроуди во главната улога.

Серијата, која ја освои наградата за најдобра британска ТВ-комедија – драма во својата прва сезона, во 2004 година, доживува и 10-та сезона во Британија, а номинациите и наградите следуваа од година во година. На IMDB, серијата за саркастичниот и социјално неприлагодлив доктор Мартин ги собра симпатиите на критичарите и публиката и, на скала од 1-10, беше оценета со висока 8,2 рејтинг.

Во почетокот на серијата, главниот лик се преселува во едно село, каде почнува да работи како општ доктор.
За него нема да биде тешко да оствари доверба и запознавање со локалното население и сè навидум ќе изгледа како вистинска идила. Сепак, неговата состојба почнува да се комплицира. Тој полека ја открива својата природа на околината.

Тој е груб, нетолерантен и неговиот став кон животот е малку необичен. Нова околина, нова куќа, нова работа, нови луѓе, но наскоро му се случува и нова љубов во тоа место. И покрај неговата несмасност, д-р. Мартин успева да ги покаже своите чувства и со неговите случаи да ги заинтригира и гледачите.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Иновациите на Наса“, документарец на Телма секој понеделник

Еволуцијата на нашиот свет во голема мера зависи од технолошките ресурси, знаењето и ограничувањата, но …

error: Содржината е заштитена!