Почетна / Забава / Тиквешки Гроздобер 2026 на 4, 5 и 6 септември во Кавадарци

Тиквешки Гроздобер 2026 на 4, 5 и 6 септември во Кавадарци

Кавадарци повторно се подготвува за својот најголем празник и фестивалот Тиквешки Гроздобер 2026. Децениска традиција која од година во година расте, се развива и денес претставува еден од најголемите и најпосетените фестивалски настани во Македонија.

Програмата за годинашното издание, кое ќе се одржи викендот на 04-ти, 05-ти и -6-ти септември, беше официјално претставена на денешната прес-конференција од страна на Организаторот, Претседателот на Советот на Општина Кавадарци, д-р Стојанчо Рамов, а заедно со дел од артистите и учесниците – Илчо Нечовски од Дупер, DJ Александар Галоски и Кирил Димитров – Урошев(RPM Classics).

Од традиционална манифестација посветена на грозјето, виното и Тиквешијата, во изминатата деценија Тиквешки Гроздобер израсна во голем современ фестивал кој секоја година привлекува огромен број посетители од цела Македонија и регионот. И оваа година Кавадарци ќе понуди богата и разновидна програма за сите генерации, со музички настапи, традиционални содржини, култура, забава и препознатливата атмосфера по која Гроздоберот е познат. Посебен акцент и годинава е ставен на македонските артисти и домашната музичка сцена, со што фестивалот продолжува да биде голема платформа за промоција и поддршка на македонската музика, култура и творештво.

Но, Тиквешки Гроздобер одамна е повеќе од музичка програма. Тоа е фестивал со најдолга традиција, силен локален идентитет и препознатливост на национално ниво. Настан кој ја слави Тиквешијата, лозарството и винарството, но истовремено создава современа фестивалска приказна која секоја година го претвора Кавадарци во центар на случувањата во Македонија.

Со посетеноста и програмската понуда во последните години, Гроздоберот го потврдува своето место меѓу најголемите македонски фестивали, а Кавадарци уште еднаш покажува дека традицијата може да се зачува и истовремено да се развива во модерен настан со публика за сите генерации.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжен викенд со три дена забава во Аква Парк Пробиштип

Од 28 до 30 август, Аква Парк Пробиштип подготвува продолжен викенд исполнет со музика, водени …

error: Содржината е заштитена!