Почетна / Телевизија / Јавна седница на Програмскиот совет на МРТ – дискусија, идеи и предлози

Јавна седница на Програмскиот совет на МРТ – дискусија, идеи и предлози

Програмскиот совет на МРТ ги поканува претставниците на еснафските здруженија, медиумските организации и релевантните институции да присуствуваат на јавната седница на Програмскиот совет на МРТ. Седницата ќе се одржи на 21 мај 2026 година (четврток), со почеток во 11:00 часот, во салата за состаноци на МРТ.

Јавната седница има за цел презентација на програмските, развојните и реформските определби, приоритети и планирани активности во работењето на ЈРП МРТ од страна на Директорот на ЈРП МРТ, како и отворање професионална и конструктивна дискусија, размена на мислења, идеи и предлози во насока на понатамошно унапредување на Македонската радио-телевизија како независен, професионален, модерен и кредибилен јавен медиумски сервис во служба на граѓаните.

За подобра организација на седницата, заинтересираните претставници потребно е да го пријават своето присуство на: [email protected], најдоцна до 18 мај 2026 година (понеделник), до 12:00 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава против сопствениците на Алфа ТВ од Унгарија

СДСМ соопшти дека поднеле кривична пријава до Јавното обвинителство против повеќе физички и правни лица, …

error: Содржината е заштитена!