Почетна / Живот / Health Innovation Expo 2025: Викенд на иновации во медицината и фармацијата

Health Innovation Expo 2025: Викенд на иновации во медицината и фармацијата

Во организација на Комората на приватно здравство на Македонија, денеска официјално бешеотворен првиот HEALTH INNOVATION EXPO 2025 во хотелот „Александар Палас“. HEALTHINNOVATION EXPO 2025 го отвори Министерот за здравство Азир Алиу, кој ја означи експо-платформата како клучен двигател на иновациите и дигиталната трансформација, која е потребнаво македонското здравство.

– „Здравствениот систем на дваесет и првиот век не се гради само со ѕидови, со апарати и сопроцедури, туку се гради со податоци, со интеграција, предвидување и дигиталнаинфраструктура во здравството. Денеска ја поставуваме основата на заедничко делувањена здравство кое учи здравство, кое анализира и реагира навреме. Здравство кое не чека дасе појави проблем, туку здравство кое предвидува и ги спречува тие здравствени проблеми,рече на свеченото отворање министерот.

Овој настан и настаните кои ќе ги има во иднина значат многу повеќе од една заедничкасредба меѓу професионалци и државни институции. Значи дека податоците ќе треба да седвижат заедно со пациентот, а не пациентот со податоците. И ние мора да работиме во оваанасока. Значи дека лекарите ќе имаат целосна, точна и моментална инфраструктура наздравствената историја на секој пациент.“, истакна министерот Азир Алиу

– „Користењето на дигиталните протоколи и вештачката интелигенција и алгоритмитеповрзани со здравствениот систем прават рано откривање на различни здравствени ризици,со кое што ние, за жал, се соочуваме секој ден. Тоа значи дека со дигитализација ќе имамепомалку чекање за пациентите, помалку непотребни хоспитализации на пациентите, повеќевреме за реална грижа за пациентите, повеќе достоинство за пациентите. Затоа треба даработиме на дигитална трансформација на здравството, за да имаме стандардизација какодржава, дисциплина како здравствени работници, професионализам како здравствениработници и обврска да служиме чесно и навремено за нашите пациенти.“ Ова беше дел одпоздравниот говор на Министерот за здравство Алиу.

На свеченото отварање, претседателката на Комората на приватно здравство на Македонија, Доц.д-р Тања Дејаноска ја истакна важноста на приватното здравство во државата, како и директнатаповрзаност на приватното здравство со иновациите во медицината:

– „Како Комора на приватно здравство сакаме да ја истакнеме важноста на приватниотздравствен сектор. Знаеме дека приватното здравство е столбот на нашиот здравственсистем. Зошто би се запрашале? Бидејќи матичните лекари се сите приватни, значипримарното ниво е целосно приватно. Поголемиот дел од лабораториските услуги се вршатво приватното здравство.

Аптеките ни се сите приватни. Меѓутоа, како приватно здравство,исто така сме препознатливи и по имплементација на нови современи технологии, особенодигиталните технологии. Токму затоа се организиравме со нашите партнери и спонзори наовој настан, да опфатиме една значајна тема во нашиот здравствен сектор, кои можебинекои ќе ја наречат иднина. Меѓутоа, тоа се повеќе е сегашност, а тоа се дигиталнитетехнологии и делот на телемедицината.“ рече Доц. д-р Тања Дејаноска претседателка на Комората на приватно здравство на Македонија.

Иновациите во медицината, стоматологијата и фармацијата, примената на вештачка интелигенцијаво здравствената пракса, како и телемедицина и дигиталните здравствени системи беа клучни темина денешното отварање. На самиот настан свои производи и услуги промовираа повеќе компанииод областа на приватното здравство, стоматологијата и фармацијата. Ваков настан во државата сеоддржува по речиси 20 години и е од интерес за 5.500 приватни здравствени установи, над 30.000здравствени работници во приватниот сектор и 33.000 вработени во јавниот здравствен систем.Саемот продолжува и во текот на утрешниот ден.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колку далеку нѐ носи говорот на омраза – и дали нѐ враќа назад?

Во урбаниот ритам на секојдневието, честопати не сме свесни како говорот на омраза го нарушува …

error: Содржината е заштитена!