На седница на Советот на црногорскиот јавен сервис РТЦГ се расправало за начинот на избор на песна за Евровизија во 2026. Новиот член на Советот, Никола Татар, изјави дека ќе се воздржи од гласање во врска со Правилникот за постапката за избор на композиција за Евровизискиот натпревар 2026.
„Тоа е краткотрајно. Би предложил создавање фестивал каде што би се случила целосна афирмација на црногорските групи и пејачи. Тоа би имало подобар ефект. Не сум музички искусен, но зазедов став. Не сум ниту за ниту против. Ќе бидам воздржан по ова прашање“, рече Татар.
Цамовиќ Величковиќ изјави дека е против „одењето на Евровизија 2026“. Таа оцени дека е непотребно да се трошат пари и го критикуваше минатогодишниот настан Монтесонг.
Љумовиќ одговори дека учеството на европски натпревари е важно. Тој рече дека е важно да се работи на вакви проекти.
„Јасно е дека Евровизија е организирана така што јавните радиодифузери се единствените можни продуценти на натпреварот… Мислам дека, без оглед на сите трендови, отсуството од тој натпревар е признание дека не сме способни“.
Раониќ рече дека учеството на Црна Гора на овогодинешниот Евровизиски натпревар не е доведено во прашање, туку начинот на кој земјата ќе го избере својот претставник.
„Нашиот буџет за Евровизискиот натпревар е најмалку десет пати помал во споредба со сите други јавни служби. Најмалку половина од парите доаѓаат од донатори…“ рече тој.
Четири члена на Советот гласаа за Правилникот – тројца беа „за“, а еден воздржан. Цамовиќ Величковиќ не гласаше.
И покрај невлегувањето во финалето, Црна Гора ќе избере свој претставник. МРТ засега нема никакви најави дали воопшто размислува да се врати иако генералниот директор на последната седница на Програмскиот Совет на МРТ се пофали со сите успеси на нашиот јавен сервис, дури и со враќање на меѓународниот углед на МРТ.
Дани | ТВ Пакет