Почетна / Серии / Британската трилер серија „Крв” во ноќниот термин на Телма

Британската трилер серија „Крв” во ноќниот термин на Телма

Kет Хоган е девојка во бегство од своето минато, со кое е принудена да се соочи кога нејзината болна мајка ненадејно ќе почине. Тоа ја враќа во малото место каде што сите имаат некаква длабоко закопана тајна и каде се соочува со своето семејството кое се обидува да го избегне повеќе од една деценија.

Иако за смртта на мајка ѝ сите веруваат дека е несреќа, Кет не е убедена во тоа и се сомнева дека нејзиниот татко, почитуван лекар во малиот ирски град, крие нешто и на некој начин е виновен за нејзината смрт.

Од среда (30 октомври) започнува британско-ирската психолошка крими драма “Крв”, снимена во две сезони. Од понеделник до четврток на Телма во 22.15 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доку серијал за животот на познатите светски ѕвезди на ТВ 24

Ова лето на ТВ 24 премиерно емитување на документарниот серијал “Биографии”. Занимливости од животот на …

error: Содржината е заштитена!