Почетна / Сапуници / Книгата за „Девојката од прозорецот” сега преведена и на македонски

Книгата за „Девојката од прозорецот” сега преведена и на македонски

Ги познаваме по очите луѓето што повторно ќе ни предизвикаат болка доживеана во детството, но и покрај тоа, се вљубуваме во нив. Животот нѐ насочува кон нив.

Нашата судбина е запишана во родниот дом: куќата во која ги доживуваме првите трауми, со кои пораснавме и кои го определуваат нашиот животен пат. Само што многу често, тргнувајќи по тој пат, не можеме да ја откриеме среќата. И токму таа судбина ја дели и таа, девојката од прозорецот.

По ваши барања и по долго исчекување, сега … преведена на македонски јазик – книгата по која е снимена префинетата Сителова драма за “Девојката од прозорецот”. Истата е новитет на престојниот Саем на книга, кој ќе се одржи од 18 до 24 април во Арената Борис Трајковски во Скопје.

Судбината ранува, а љубовта спасува. За сите оние кои сакаат да го прочитаат турскиот бестселер по кој е работена една од најпознатите серии на денешницата, истата може да се набави преку издавачката куќа Бата Прес и на нивниот штанд на саемот.

Поради оваа книга, целосната екранизација делува како вистинско ремек дело на роман што го читате. Затоа, читајте книги и гледајте ја “Девојката од прозорецот” од понеделник до петок на Сител и на тој начин подгответе се за ураганот во животот на Налан, кој допрва ќе го распарчи стакленото ѕвоно во кое беше растена.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Актерката од „Очи како Црно море“ повторно во врска со свој колега

Турската актерка Узге Јагиз, која публиката ја гледа како Ѓунеш во викенд серијата „Очи како …

error: Содржината е заштитена!