Почетна / Живот / Велковска: Правдата во Македонија – законска дупка од епски размери

Велковска: Правдата во Македонија – законска дупка од епски размери

Драгана Велковска, aктивистка за заштита на животни и животна средина so реакција на изјаснувањето од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство и ЈП Лајка в.в. со незаконското ф-ционирање на прифатилиштето без одобрена програма за работа:

„Агенцијата за храна и ветеринарство тврди дека прифатилиштата можело да работат иако не им била одобрена програмата.

Еднакво бизарно како да се каже дека Град Скопје може да спроведува активности иако не се ни програмите ни буџетот усвоени на Совет.
Ги повикувам АХВ да се изјаснат колкав број на прифатилишта во Македонија работат без одобрена програма, а „по закон”?
Или, како и секогаш, извртувањето и изигрувањето на законот важи само за тие што се на власт?
Штом сме доведени на дереџе во законите во најситен детаљ да се образложуваат основни процедури и задолжително да се затнуваат и најситните дупченца, индексот од Transparency International ни е поклонета, а не заслужена оценка.”
| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Pet Fest Skopje 2025 – настан за љубителите на домашни миленици

Под мотото „Пријателство без зборови – Човек и миленик“, ПетФест 2025 ќе се одржи во …

error: Содржината е заштитена!