Почетна / Сапуници / Дали овојпат Сител ја укина грчката серија „Бруско“ засекогаш?

Дали овојпат Сител ја укина грчката серија „Бруско“ засекогаш?

Започна летото 2019 година во централен, прајмтајм термин. По 40 епизоди, серијата ја снема од малите екрани за веќе по една година, во втората половина на 2020 година да се врати во попладневен термин надсинхронизирана на македонски јазик.

Ни така не издржа долго, па по неколку седмици емитување, Сител ја префрли во утринскиот термин од 10 часот, овојпат со титл, повторно.

Од 2 ноември 2020 година, “Бруско” ја снема и од 10 часот наутро. По два дена, серијата се најде на репертоарот на Сител рано во зори, а гледачите беа известени за промената преку кајрон на екранот. Па така, оние кои останаа упорни и сакаа да ја догледаат, имаа шанса тоа да го прават секое утро во 5.30 часот.

Сè до сега. Од денес, 8 февруари 2020 година, серијата не се емитува повеќе на Сител. Заврши емитувањето заклучно со 193 епизода, или целосно првата сезона. Следните три сезони не продолжија со емитување. Гледачите останаа повторно без “Бруско”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Само во Македонија, драмски мелодрами не се емитуваат на државната тв

За љубителите на дневни фамилијарни и романтични саги, секоја државна телевизија во целиот регион одвојува …

error: Содржината е заштитена!