Почетна / Забава / Со последниот лајв стрим, DJ Alexandar во топ 50 во Global Techno Chart

Со последниот лајв стрим, DJ Alexandar во топ 50 во Global Techno Chart

Dj Alexandar на единствената легална платформа за споделување на миксови “Mixcloud”, со аудиото од последниот “live stream” стигна до фантастичното 47мо место во категоријата Global Techno Chart и на 59то место категорија Global Deep House, со над 60 000 минути преслушување во првите седум дена.

Овој одличен успех е уште поголем ако се земе во предвид дека Dj Alexandar е во “друштво” на супер звездата Chris Liebing на 46 место и мегапопуларниот Sander Van Doom на 48 место со својата емисија “Identity”.

ЛИНК

Сето ова е одлична најава за следниот “live stream” на DJ Alexandar кој ќе се случи во сабота на 20ти февруари со почеток од 22:00ч.

Македонската музичка јавност Dj Alexandar го памети по одличните “opening act” перфоманси пред големите светски ѕвезди: Tiesto, Paul van Dyk, Paul Oakenfold, Eric Prydz, David Guetta, Bob Sinclair, Afrojack, Artbat, The Faithless…

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова композиција на Тадиќ и Холцверт инспирирана од „Поступано оро“

Светски познатиот гитарист и композитор Мирослав Тадиќ со виолинистката Ивет Холцварт неодамна ја промовираше композицијата …

error: Содржината е заштитена!