Почетна / Филм / Брус Ли со познатата „Тупаница на гневот“ во петок на ТВ 24

Брус Ли со познатата „Тупаница на гневот“ во петок на ТВ 24

Aкционен филм за боречки вештини од Хонг Конг од 1972 година, напишан и режиран од Ло Веи, продуциран од Рејмонд Чау, и со Брус Ли во неговата втора главна улога. Филмот на ТВ 24 ќе го гледате во 22.30 часот во петок, 25 ноември.

Дејството на филмот се одвива во{Шангај, за време на јапонската окупација. Младиот и надарен мајстор на боречки вештини Чен Зен (Брус Ли) се враќа во своето училиште „Ќинг Ву“ кое е основано и кое го води еден од најголемите кинески мајстори. Неочекувано, неговиот учител по боречки вештини умира.

Зен не верува во официјалната верзија според која учителот умрел од воспаление на белите дробови, туку смета дека е убиен. Тој ги напаѓа борците од противничкото училиште на боречки вештини и станува мета на полицијата. Полицајците одат во училиштето „Ќинг Ву“ со ултиматум дека тоа ќе биде затворено, ако не го предадат. Истовремено, тој открива дека учителот навистина бил убиен и тргнува во одмазда.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Саботна филмска ноќ на Телма со скандинавска воена драма

📅 сабота, 3 декември, Телма ⏰ 22:15 – Изборот на кралот Филмот е снимен во …

error: Содржината е заштитена!