Почетна / МК Сцена / Ајана од Урбан Рекордс со видео спот за новата песна „Топ на листа“

Ајана од Урбан Рекордс со видео спот за новата песна „Топ на листа“

По “Не ме моли”, доаѓа втората песна на Ајана. За стајлингот на синооката пејачка се погрижија “Sportikum” – Sportswear Storе Куманово.

Песната е во трап стил и овој пат Ајана се појавува како автор на текстот и музиката. Аранжманот, битот и мастерингот се на Иван Јованов – Ивајо, додека пак видео спотот го изработи режисерот Гордан Божиновски – God Eye Production.

Снимањето на спотот се пролонгираше поради целата ситуација во државата, но по одредена пауза се досними и вториот дел од спотот. Се снимаше на две локации во Скопје и во теретаната на Хотел “Парк”.
На кого Ајана на мегафон им довикува дека е прва на топ листа, дознајте од видеотот во продолжение, кое се промовираше на You Tube каналот на Urban Records.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Баладата „Лутка“ од Саша Матиќ доби кавер од Никола Милосковски

Никола се претставува со своја верзија на емотивната балада – песната „Лутка“ од Саша Матиќ. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!