Почетна / МК Сцена / Видео | По одличните кавери, Acoustic Division оди на Макфест 2019
Со песната "Магија", бендот ќе настапува во макфестовските Дебитанти

Видео | По одличните кавери, Acoustic Division оди на Макфест 2019

Нова, интересна преработка на познатата “Јако, јако” на поп пејачот Лозано.

Новата верзија е дело на акустичниот поп рок бенд “Acoustic Division”, кои паралелно се подготвуваат за настап на овогодишното издание на домашниот фестивал “Макфест”.

Членовите на бендот веќе изјавија дека песната на Лозано е само најава за она што следува, а тоа се низа преработки на познати македонски песни, овојпат во акустична верзија.

Пред “Јако јако”, ја промовираа и кавер верзијата на баладата “Лебедот Бел” на Нокаут.


Бендот постои од 2015 година, а постојани членови се Давор Бинов и Бојан Галевски. Песната “Магија” е дело на Томислав Коцевски, со аранжман на Дарко Тасев, и баш со неа ќе настапат на Макфест 2019. Им стегаме палци, со среќа на “Макфест”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јане Славов со преработка на најголемите румба хитови на Џипси Кингс

Еден од најхаризматичните млади вокали на нашата сцена, Јане Славов, заедно со енергичните музичари од …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!