На порталот на Амазон деновиве е објавен поетски избор од 28 песни од 4 поетски дела на писателот Стефан Марковски.

Изборот е насловен Promised Land, а песните се објавени на македонски и англиски јазик, во превод на авторот и преведувачот Никола Ѓелинчески. Некои од збирките и песните на Марковски се наградени со домашни и странски признанија и преведени на повеќе од 20 јазици.
Поетскиот избор е достапен во Киндл и во печатено издание од 118 страници по цени од 0,99$ и 4,99$ и може да се нарача преку Амазон.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
