Почетна / Телевизија / Реприза на српската емисија „Работна акција“ на Алфа во 20 часот

Реприза на српската емисија „Работна акција“ на Алфа во 20 часот

 

Реприза и на “Radna akcija” оваа сезона на Алфа

 

Толку беше од американските играни филмови на Алфа во прајмтајм. Од вторник до петок на оваа фреквенција се репризираат неколку пати веќе емитуваните емисии од “Radna akcija”.

 

 

Има семејства што животот го поминуваат во трошни куќи, се соочуваат со сериозни социјални и здравствени проблеми… Или, пак, живеат во домови оштетени од пожари или од други временски или елементарни непогоди. На овие луѓе им е неопходна помош. Оваа емисија има мисија. Таа мисија се состои во тоа да им се помогне и да живеат барем во пристојни услови за домување.

 

 

Мајсторите и волонтерите ангажирани во оваа емисија и поведени од хумани мотиви ќе им ги реновираат домовите и ќе им ги опремат цакум-пакум. Секој дефект ќе биде поправен, секој недостаток ќе биде надоместен. Вредните и хумани луѓе ќе работат 5 дена, додека за тоа време семејството ќе живее кај роднините или кај пријателите.Кога ќе се вратат назад. Нивните реакции и тие моменти потврдуваат дека хуманоста е една од највисоките вредности.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски цензуриран на Телма? Ова е постот што тој го објави

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ се огласи на социјалните мрежи по повод откажувањето на неговото гостување …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!