Почетна / Забава / Евровизија / Шведска победи на „Евровизија 2012“. Честитки!

Шведска победи на „Евровизија 2012“. Честитки!

Прекрасната евровизиска вечер во Баку, Азербејџан, беше заокружена со победата на Лорен. Претставничката на Шведска со својата „Euphoria“ освои неверојатни 372 поена како најголем фаворит на овогодинешното издание на „Евровизија“. Руските бабушки ја освоија втората позиција, а Србија со Јоксимовиќ заврши на третото место. Македонија со Калиопи освои 71 поен и остана на 12-та позиција. Добро е тоа што Македонците овој пат не им дадоа ниту еден поен на Грците, а уште подобро е што тие останаа зад нас. Нашата Калиопи беше фантастична, таа доби две дванаесетки и тоа од Босна и Херцеговина и од Србија. Им благодариме за поддршката и на сите останати земји што гласаа за „Црно и бело“. 

 

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грција очекува враќање на Македонија на Евровизија 2026

Грчкиот познат веб портал посветен на Евровизија, Eurovisionfun и грчкиот новинар Павлос Клагкос со симпатии …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!