Понеделник – петок, 18.55 часот, МТВ 1
Петко, Лина, Цветко и Комшо секојдневно ќе ги учат дечињата на здрава исхрана, ќе ја подигнуваат еколошката свест и ќе ги насочуваат најмладите на позитивно однесување во новата сезона која стартува овој месец на Македонската телевизија.

 “5 плус” е образовна иницијатива со намера да ја подобри реалноста и да создаде нов медиумски простор кој ќе образува, но и забавува.
Децата заслужуваат шанса да растат и учат, за да можат подобро да се разберат себеси и другите. Да размислуваат, сонуваат и откриваат, да ги остварат сопствените можности.
Децата заслужуваат шанса да растат и учат, за да можат подобро да се разберат себеси и другите. Да размислуваат, сонуваат и откриваат, да ги остварат сопствените можности.

Концептот на серијата е базиран на авантурите што ги „преживува” познатиот лик Петко, и неговите пријатели  (детективот Цветко,  Комшо, Лина, Комшито, Дедо Менде итн.),  станари во стокатница  каде што живеат. Ликот на Петко е конструиран на начин кој овозможува лесна идентификација на децата со него, а крајната  цел е децата да присвојат дел од позитивните навики кои ги промовира Петко.

Играната продукција “5 плус фамилија” е програма со забавно едукативен карактер која од понеделник до петок ќе се емитува на првиот канал на Македонската телевизија пред централниот Дневник. Новата сезона ќе брои околу 40-тина нови авантури на нашите интересни ликови.
Дани | ТВ Пакет
					
									 ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
				
 
						
					 
						
					 
						
					 
					
				