Почетна / Телевизија / Нова сезона на „Во недела попладне“ започнува на Алфа телевизија

Нова сезона на „Во недела попладне“ започнува на Алфа телевизија

 

Нова сезона на “Во недела попладне” во 15:30 на Алфа телевизија

 

 

Од 6 септември на програмата на Алфа телевизија започнува втората сезона од забавно информативната емисија “Во недела попладне”. Емисијата е во продукција на Томато, а водители остануваат Ненад и Марјана. Гости во првата емисија од oбласта на спортот ќе бидат македонскиот фудбалски репрезентативец и член на Палермо – Александар Трајковски, Марјан Лазовски – поранешен селектор на Македонската кошаркарска репрезентација.

 

 

Во емисијата ќе биде најавен и новиот проект на Бојана Атанасовска. Се работи за ТВ емисија која стартува од понеделник.
За деталите околу Охрид Фест и задолжени за забавата оваа недела ќе бидат Елена Петреска, Маја Вуќикевиќ и Влатко Илиевски. Во рамки на емисијата ќе бидат доделени 5 карти за мечот на Македонија со актуелниот европски фудбалски првак Шпанија.

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тимот на ТВ Пакет со честитка за новоизбраниот директор на МРТ

Со одлука на Програмскиот совет на Македонската радиотелевизија, по 14 години, нов директор застанува на …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!