Почетна / Телевизија / Дознајте ги невозможните инженерски потфати на Дискавери

Дознајте ги невозможните инженерски потфати на Дискавери

 

Секоја сабота во 20 часот – Невозможни инженерски потфати “

 

 

Секогаш кога ќе видиме некое грандиозно дело на човекот, се запрашуваме како настанало. Позади навидум секое невозможно инженерско достигнување секогаш стои дружина од пионери кои осмислуваат нови техники во градежништвото, ризикуваат со непроверени материјали и од корен го менуваат начинот на кој дотогаш нешто се правело. Во новиот серијал ,,Невозможни инженерски потфати кој од  11 јули се прикажува на Дискавери, им се оддава почит на достигнувањата на тие луѓе.

 


 

Во секоја епизода ќе дознаваме детали за тоа како се изградени и како функционираат големите градби, згради кои со својата височина рушат рекорди, борбени бродови и вселенски летала. Иако во текот на серијалот ќе уживаме во денешните современи творби на човекот, ќе се навраќаме и на минатото да се потсетиме на приказните на неверојатните инженери чии технолошки напредоци го имаат тоа овозможено. Како современите градби би постоеле ако не била работата на тие генијалци?

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ΜΡΤ во 2024-та со најдобар финансиски резултат во последните години

Во 2024 година вкупните приходи на МРТ биле значително повисоки отколку во претходните години, согласно …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!