Почетна / Филм / 96-тото издание на филмските Оскари во недела на МРТ 1

96-тото издание на филмските Оскари во недела на МРТ 1

В недела, 10 март од 23.30 ексклузивно на Македонската Телевизија ќе се емитува преносот од 96-тото доделување на Оскарите, престижната филмска награда на Академијата за филмски уметности и науки.

Водител на шоуто во театарот Долби во Холивуд ќе биде Џими Кимел.

Доаѓањето на ѕвездите на Црвениот тепих ќе започне во 23.30, а на полноќ започнува 96-та Оскаровска церемонија и ќе трае до 3.30 наутро.

Филмот на Кристофер Нолан, „Опенхајмер“ води со 13 номинации, а „Кутри суштества“ на Јоргос Лантимос има 11 номинации. Филмот „Убиства на цветната месечина“ доби 10 номинации, а „Барби“ има 8 номинации.

Во категоријата за најдобар филм оваа номинирани се: „Американска фикција“,„Анатомија на падот“, „Барби“, „Останатите“, „Убијци на цветната месечина“, „Маестро“, „Опенхајмер“, „Минати животи“, „Кутри суштества“ и „Зона на интерес“.

Бредли Купер, Колман Доминго, Пол Џиамати, Килијан Марфи и Џефри Рајт се номинирани за најдобар актер, а за најдобра актерка номинирани се Анет Бенинг, Лили Гледстон, Сандра Хулер, Кери Малиган и Ема Стоун.

Како презентери ќе се појават Џејми Ли Кертис, Брендан Фрејзер, Џесика Ланг, Метју Мекконахи, Ал Пачино, Мишел Фајфер, Мишел Јео, Џенифер Лоренс, Зендаја и многу други ѕвезди.

Били Ајлиш, Рајан Гослинг и Беки Џи се меѓу изведувачите на номинираните филмски песни кои ќе бидат изведени на Оскаровската сцена.

Коментатор на преносот е Миланка Рашиќ.

Во вторник, 12 март од 21 ч. ќе се емитува скратена двочасовна снимка на Првиот канал на МТВ.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пирс Броснан и Гај Пирс во трилерот „Spinning man” во сабота на Телма

сабота, 13 април 2024 година, Телма ТВ, 22.15 часот – Филозофија на убивањето Еван Бирч …

error: Содржината е заштитена!