Почетна / МК Сцена / Фото | Влатко Лозаноски приреди концерт за паметење, секоја чест

Фото | Влатко Лозаноски приреди концерт за паметење, секоја чест

Многу љубов, многу емоции и многу среќа преточени во преубава атмосфера го одбележаа првиот голем концерт на Лозано во саботата во ВИП Арената.

Насмеани лица од сите генерации ги пееја неговите хитови во еден здив…

а тоа е доволен показател дека Лозано може и тоа како да полни големи сали.

Незаборавен концерт приреди Влатко со што покажа дека македонските изведувачи кои пејат квалитетна музика се почитувани и омилени кај публиката.

Јако јако, Надеж, Километри, Како тебе нема друга, Сонце не ме грее, Мајко, Мандарина, Бонбона и ред други се нижеа во концертната еуфорија и беа проследени со вресоци и громогласни аплаузи.

Влатко Лозаноски Лозано буквално растури!

Специјални гости на концертот беа Некст Тајм кои уште толку ја загреаа атмосферата…

а во публиката беа колешките и пријателки Каролина, Елена и Тамара кои му дадоа целосна подддршка. Македонската музичка историја збогатена за уште еден вонвременски настан. Нашата земја може да се гордее што го има Лозано, а нашите граѓани да се среќни што квалитетот се уште сѐ цени.

Фотоградфиите се дело на Stefan Rajhl

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Нашиот DJ Тод Хејз преработи песна од Сирилик

Македонскиот продуцент и диџеј Тод Хејз денес го претстави ремиксот на песната „Доволни“, што на …