Почетна / Вебновела / Предавство, епизода #93 |Alevosía

Предавство, епизода #93 |Alevosía

 

ВО НЕДЕЛА НЕ ГО ПРОПУШТАЈТЕ ПОСЛЕДНОТО ПРОДОЛЖЕНИЕ

 

Алехандро не му дозволува на Марко повторно да ја напаѓа Инес и заминува од болницата.

Даниела со план доаѓа кај Густаво и го лаже дека Анхелес ја намеестила стапицата за да падне Сесилија. Густаво е бесен кон дадилката и ја прашува с која цел шири такви лаги. На крајот од разговорот и дава отказ. Огорчена и бесна, Даниела се колне дека ќе му се одмазди на хирургот.

Густаво се запрашува како можел некогаш да мисли дека дадилката е добра и се прашува зошто порано не ја отпуштил.

Карола е решена да биде искрена со Хоакин и му признава дека некогаш била зависничка од хероин и дека поради тоа го загубила детето кое го чекала со својот вереник кој подоцна ја оставил.

Сесилија е пуштена на домашна нега и Анхелес прави се за нејзината сестра да се чувствува удобно.

Диего станува се позависен од дрогата која му ја пордава Франко.

Хоакин ги известува своите родители дека ќе се разведе од Естер и ќе се ожени со Карола. Неговиот татко е против ваквата идеја но мајка му го подржува.

Мигел, поранешниот вереник на Нативидад ја посетува и бара прошка за минатото. Ати му вели дека се е заборавено и го замолува да не ја бара повеќе бидејки сега е среќна со новиот сопруг и синот.

Даниела доаѓа кај доња Инес и ја лаже дека Густаво се обидел да ја силува и бидејки таа го одбила ја отпуштил од позицијата дадилка на Лусијана. Старицата и ветува на дадилката дека ќе разговара со Густаво но Даниела ја моли да не разговара бидејки не сака да се врати во таа куќа.

Трини бара совет од Октавио како да ги префрли парите од Алваро на своја приватна сметка вон државата а Октавио смислува начин како тие пари да легнат на неговото салдо.

Хаиме ги минува сите часови во денот покрај саканата Сесилија, додека докторот го известува Густаво дека мора да се изврши итна операција врз девојката.

Следниот ден, Анхелес и признава на Нативидад дека сеуште го љуби Густаво со истата сила како и некогаш, а адвокатката ја советува да го следи срцето. Но Анхелес се плаши дека Густаво ги нема заборавено сите злодела кои таа ги имаше сторено во минатото.

Во меѓувреме во клиниката, Густаво го прашува Марко зошто го променил односот коннего, Марко му одговара дека не може исто да го гледа најголемиот ривал.

–          Знам за твоето минато со Анхелес како што знам дека мојата вереница уште те љуби тебе!

 

продолжува

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

error: Содржината е заштитена!