Почетна / Забава / Дарко Рундек за евтини пари во Прилеп

Дарко Рундек за евтини пари во Прилеп

 

Хрватскиот музичар, композитор и глумец Дарко Рундек на 10 мај во Прилеп ќе одржи целовечерен концерт во придружба на неговиот Карго Трио оркестар. Концертот ќе се одржи во Домот на културата “Марко Цепенков” со почеток во 20:30 часот. 

 


 

Дарко Рундек се смета за еден од основачите на рок групата Хаустор со која до 1995 година има издадено 5 албуми. Тој период се отсели во Париз каде и ден денес живее и твори музика за театар и филм, но и понатаму снима и свири. Бендот со кој настапува се вика “Рундек Карго оркестар” со кои има издадено пет албуми и тоа : Апокалипсо (Јабукатон, 1996.), У широком свијету (Јабукатон, 1999.), Руке (Метрополис, 2002.), Mhm a-ha oh yeah da-da (Mascom Records, 2006.) и Плави авион (Multimedia Music Company, 2010.).
Бендот во октомври минатата година објави нова песна Midnight Calypso, со која на публиката и најави нов албум во иднина.

Минатата година беше издадена и книгата „Kнига за песните: Рундек, помеѓу“, чиј автор е хрватскиот музички новинар Анте Перковиќ. Во неа се опишани приказните за настанувањето на дел од хитовите во кариерата на Рундек, а содржи и мноштво фотографии, од кои повеќето никогаш претходно не биле објавени.

Прилепчани ќе имаат вистинска прилика во интимна атмосфера да ги слушнат старите хитови на Хаустор но и новиот материјал на овој неуморен музички номад кој воодушевува со секоја изведба.

Цената на картите е навистина евтина, чини само 130 денари, а картите се продаваат во продажните салони на ONE во: Скопје (Ramstore, ТЦ Бисер, ГТЦ, ВЕРО Центар, Skopje City Mall) Куманово, Тетово, Гостивар, Битола 01, Охрид, Струга, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Штип, Велес, Кочани, Струмица, Гевгелија, како и во Југотон ГТЦ 1 кат, MPM PRESS, Гоги Драчево и Универзална Сала – Скопје.

 

 

Дани Петковска | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Звуците на културата“ по вторпат во општина Ѓорче Петров

Од 20-22 септември во паркот во Ѓорче Петров, по вторпат ќе се одржи манифестацијата „Звуците …