Почетна / Серии / Нова сезона на Телма со репризи на серии, „Пекол на тркала“ во 17 часот

Нова сезона на Телма со репризи на серии, „Пекол на тркала“ во 17 часот

 

“Hell on wheels” – на местото на Френдс

 

Во новата програмска шема, Телма продолжува со блокот репризи во попладневните часови. Па така, од понеделник во 17 часот ќе се репризира веќе емитуваната “Пекол на тркала”. Се работи за американска вестерн серија која е во продукција на AMC, каналот кој ги создаде култните “Breaking bad”, “Mad man” и “The walking dead”.

 

 

Дејството на серијата се одвива во шеесетите години од 19. век, веднаш по убиството на Абрахам Линколн и го следи животот на Кален Бонан, бивши војник на Конфедерациската војска кој е во потрага по војниците на Унијата кои ја убиле неговата жена и синчето за време на Граѓанската војна. Потрагата го носи до гратчето Пекол на тркала, каде е започната со изградба првата трансконтинентална железница. Серијата ја покажува институциската корупција, како и новонастанатите неприлики од неодамна ослободените афроамерикански робови.

 

 

Во тоа гратче се запознаваме со секакви луѓе, од министри, робови кои се во потрага по место под сонцето, проститутки, работници и инспектори кои во тоа место на корупција, ги прогонуваат само невините животи. И сите тие приказни и тие луѓе се раѓаат, живеат и умираат во Пеколот на тркала, за време на градењето на Железницата.

Улоги : Anson Mount, Colm Meaney, Common, Dominique McElligott, Tom Noonan, Eddie Spears, Ben Esler, Phil Burke

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прајмтајм серии | Термини на емитување и броеви на епизоди

error: Содржината е заштитена!