Почетна / Вебновела / Предавство, епизода #8 |Alevosía

Предавство, епизода #8 |Alevosía


 

ОД ПРЕТХОДНИТЕ ПРОДОЛЖЕНИЈА

Диего одлучува да го напушти медицинскиот факултет и да студира графички дизајн. По една расправија со Наталија, својата љубовница, Игнасио доживува инфаркт и  е префрлен во болница. Густаво раскинува со Анхелес и и се јавува на Лусија. Анхелес ќе го види Густаво во придружба на својата мајка и заклучува дека се љубовници.

 

Анхелес не може да ја прифати идејата на својата тетка, кажувајки и дека не е сигурна дека Лусија и Густаво се гледаат.

Дарио не може да престане да мисли на Анхелес и на нивното раскинување. Неговата најдобра пријателка Каетана ја користи приликата и го бакнува, известувајки го дека отсекогаш била вљубена во него, напоменувајки му дека Анхелес не го заслужува.

                Тринидад и Анхелес продолжуваат да размислуваат како девојката да го поврати Густаво назад. Тетката и внуката доаѓаат до ново решение.

Нешто подоцна, Анхелес го кани Густаво на вечера, со цел да му даде до знаење дека можат да продолжат да бидат пријатели. Пред да наздрават со црвено вино, Анхелес ќе стави прашок во чашата на Густаво. Наскоро, Густаво ќе почне да чувствува вртоглавица и ќе се онесвести на креветот во станот на Тринидад, каде што трае вечерата.

Лусија и Сесилија му помагаат на Диего да се смести во гарсоњерата која ја изнајмил за повремено живеење. На Лусија и се крши срцето што син и повеќе нема да живее со неа, но сфаќа дека тоа е исправна одлука.

Кога следното утро докторот ќе се разбуди, ќе ја затекне Анхелес гола до него на креветот. Бидејки не се сеќава на ништо, Анхелес го уверува дека воделе љубов без заштита.

Густаво го напушта станот и ја бара својата пријателка Нати за разговор. И признава дека спиел со друга девојка претходната вечер, но дека не се сеќава на ништо. Ја замолува Нати да не и кажува ништо на Лусија, дека самиот ќе го реши проблемот со Анхелес.

Изненадена од името, Нативидад заклучува дека Густаво спиел со ќерката на Лусија.

Анхелес е изненадена кога ќе добие неочекувана посета од адвокатката Нативидад, пријателката на нејзината мајка. Нативидад и открива на Анхелес дека знае за нејзината врска со Густаво и ја замолува да го остави на страна бидејки тој сака друга жена.

Анхелес низ созли ја лаже адвокатката дека претходната вечер, хирургот ја силувал.

ПРОДОЛЖУВА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …