Почетна / Телевизија / Фото | Естрадниот магазин Бекстејџ со ново, виртуелно студио!

Фото | Естрадниот магазин Бекстејџ со ново, виртуелно студио!

 

Се чини естрадниот магазин Бекстејџ, кој цели 6 години е дел од секојдневието на македонскиот гледач, ја пронајде совршената комбинација за долговечност во домашниот ТВ етер. Оние кои редовно ги следат содржините од зад сцената на Националниот сервис веројатно веќе погодуваат, тајната на Бекстејџ е во честите промени и освежувања. Што во содржините, што во визуелниот приказ.

 

 

Минатата недела одново се ребрендираа, со нова шпица, маски и џинглови со кои се вклопија во остатокот од програмската шема на Прва. Но, она што е највпечатливо е новото и современо виртуелно студио, какво досега понуди само проектот Мундофорија и специјалните емисии посветени на Светското првенство во ракомет за мажи – Катар 2015.

 

 

Визуелната свежина која ја донесе новото студио, значително го освежи Бекстејџ и во поглед на содржините. Она што останува исто е новинарскиот и аналитичен пристап во обработката на темите, новинарскиот тим, згодните водителки и се разбира првичната амбиција на Бекстејџ да ги доближи домашните, балканските, европските и светски ексклузивитети до сечиј дом.

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ААВМУ ја осуди изјавата на Ковачевски во врска со медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува изјавата на претседателот на политичката …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!