Почетна / Вебновела / Предавство, епизода #73 |Alevosía

Предавство, епизода #73 |Alevosía

 

Нурија го известува Густаво дека откако ја силувал Педро направил атест кој покажал дека е бремена од претходно, те од Густаво. Му вели дека тоа дете е плод на таа голема љубов и дека затоа се вратила во Гвадалахара за да го врати човекот и таткото на нејзиното дете.

Сара повторно и става количина на дрога во инјекцијата на Анхелес и за време на хипнозата, Анхелес во лудило се сеќава не некои лоши работи од минатото како кога беше киднапирана.

По сесијата, Марко го известува Густаво за случувањето.

Вечерта, Густаво ја известува својата сопруга дека ќе замине во Мексико Сити да направи ДНК тест за детето кое Нурија тврди дека е негово. Ваквото сознание уште повеќе ја повредува Лусија и избувнува расправија меѓу сопружниците.

Сеси, Диего и Анхелес кои се сведоци на расправијата се тажни поради новите проблеми во животот на нивната мајка.

Сара, медицинската сестра бара пари од Октавио во замена за молк дека му врши задачи во клиниката.

Мирјам му предлага на Габино да одат во полиција и да ги повлечат сите обвинувања против Анхелес, бидејки се плаши дека сето тоа ќе остави само лоша дамка во репутацијата на девојката.

Анхелес го посетува Густаво во гостинската соба, откако Лусија ќе го истера од спалната и му ја дава својата подрѓка, велејки му дека во неа секогаш може да гледа на верен пријател. Густаво срдечно и топло ја прегрнува девојката.

Сеси споделува со своето момче Хаиме дека е загрижена поради односот кој го имаат Лусија и Густаво и дека за се е виновна Нурија.

Мирјам ја затекнува Нурија во трговскиот центар како купува детска облека. Мирјам е изненадена бидејки Нурија купува облека за осум месечно бебе, а нејзиното дете според зборувањето треба да има две години.

Марко ја кани Анхелес на ручек во паркот каде што и подготвува рпијатен пикник ручек. Девојката се сеќава дека имала тешка сообраќајна несреќа и дека претходно изгледала поинаку. Ваквото сознание ја вознемирува, па Марко ја бакнува нежно за да ја смири.

Октавио, во меѓувреме успеав повторно да ја скроти Тринидад и двајцата завршуваат во постела.

Мирјам му се јавува на Рубен, таткото на Густаво и го известува за проблемите кои Нурија му ги прави во бракот со Лусија. Рубен ја известува својата балдска дека ќе дојде во Гвадалахара.

Густаво ја известува Нурија дека решил да замине во Мексико Сити да направи ДНК тест но ја предупредува дека никогаш нема да ја остави Лусија.

Беатрис и признавана својата мајка дека има момче кое и се допаѓа и и кажува дека се работи за Диего, синот на Лусија.

По една жолчна расправија, Лусија го тера Густаво од куќата и му вели да не се враќа повеќе дека не сака повторно да го види!

 

продолжува

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

error: Содржината е заштитена!