Почетна / Телевизија / VIP Survivor / Срвајвр – пресек на 7-иот ден

Срвајвр – пресек на 7-иот ден

Кристина пристигнува на Островот на отфрлените, во градот на Бамбусите кадешто ќе решава загатки за да дојде до Тајниот имунитет. Иако има потешкотии со обавувањето на задачата, креаторката успешно ја минува првата препрека.

Тоа и дава поттик, па изјавува: “Некако би сакала да го најдам имунитетот. Можеби сум дури и малку глупава, но сега би сакала да потврдам дека можеби и не сум“.

 

 

Од друга страна, Александра тотално се изолира од нејзините соплеменици, целиот ден го минува на спротивната страна од островот и одбива да разговара. Останатите членови на Борука сметаат дека Александра се однесува така затоа што е градска девојка и оти веројатно никогаш не излегла од градот. По некое време Жаре се доблжува до својата сограѓанка и разговара со неа, таа нему му вели дека сака нејзиното племе намерно да изгуби во некоја од игрите за она да може да си оди, смета дека можеби на Островот на исфрлените ќе и биде подобро.

 

 

Уште од доаѓањето на Костарика, малите борби беа резервирани за Матамбо. Новата задача ги тестира балансот, издржливоста и силата. Потребно е што подолго да се држи кокосот со помош на коноп од двете страни, а воедно и да се балансира со рамнотежата на телото. Оваа игра не е нималку едноставна, бара потполна концентрација, а после втората рунда, излегува дека Невен е оној што има најголема концентрација. Тој како победник се одлучува за двојниот глас, со што ќе го ублажи фактот дека на Племенскиот совет ќе влезе со еден глас против себе, односно со клетвата што ја доби од Јелена. На вечерашниот Племенски совет единствената натпреварувачка што ќе биде имуна од гласањето е Мартина, новата поглаварка на Матамбо.

 




Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Никола Шоќ на детска возраст

Деновиве низ балканските интертнет портали можеше да се види една интересна фотографија од приватниот албум …