Почетна / Телевизија / „60 минути“ на Алфа : За грешките и позициите на опозицијата

„60 минути“ на Алфа : За грешките и позициите на опозицијата

Горан Момировски вечерва на Алфа во 22 часот

 

Вечерва во 22 часот на ТВ Алфа, нова емисија на “60 минути”. Го смени ли односот кон медиумите опозицијата, проверува вечерва Горан Момироски во емисијата „60 минути“ т со потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николовски.

Чувствува ли партијата одговорност за недобивање датум за преговори откако самата учествуаше во пропаста на реформските приоритети – се вели во најавата на Алфа за вечерашната емисија. Ќе се судри ли ВМРО со европската народна партија ако повика на бојкот на референдумот. Ќе има ли воопшто референдум? Може ли да се случи референдум заедно со парламентарни избори. Зошто ДПМНЕ се согласи на лажна реформа на разузнавачките служби. Може ли опозицијата да се врати на власт без албански партнер во владата.  Влијаат ли на актуелните партиски политики Груевски и Мијалков..

Зошто опозицијата не ја следи сестринската ЦДУ на Меркел и други европски десничари за правата на хомосексуалците. На овие и многу други прашања вечерва во 60 минути на Алфа со Горан Момироски одговара Александар Николовски потпретседател на ВМРО –  ДПМНЕ.
Во вториот дел од „60 минути“ порака од режисерот на „Балкан Кан“ и „Трето Полувреме“ најгледаните македонски филмови од независноста. Од Холивуд, Лос Анџелес Митревски со свој видео став за промената на името во прилогот насловен „Секогаш моја никогаш Северна“.
Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Не одете право, одете криво за името да ни е живо“

Добар ден, добро јуначе. Срце ми плаче шо не можам да се вклучам. Но еве …