Почетна / Вебновела / Предавство, епизода #56 |Alevosía

Предавство, епизода #56 |Alevosía

 

Лусија го известува Андрес дека Анхелес е исчезната и Андрес и признава дека последен пат ја видел девојкат апред да замине на разговор со Октавио.

Октавио сеуште ја држи Анхелес заврзана во својот стан. Се обидува да ја бакнува на сила, но девојката упорно го навредува и му повторува дека и се гади од него. Октавио и вели дека е иста како нејзината тетка Трини и дека на луѓето гледа само од корист.

Лусија упорно ја бара Анхелес на мобилниот телефон, но Октавио ќе го фрли телефонот во веце школката.

Моника доаѓа да разговара со Трини пред да замине во Париз и ја известува дека и од далеку ќе ја набљудуваи дека нема да се помири додека не го остави нејзиниот татко на мира. Трини и се заканува дека кога ќе ја напушти земјата ќе му ги извлече сите пари на нејзиниот татко и ќе ја остави фамилијата без ништо.

Вон исчезнувањето на Анхелес, ден е за венчавката на Нати и Алберто. Густаво доаѓа во станот на Нати да ја одведе до матично и ја наоѓа невестата онесвестена на подот.

Моника ја известува Сеси дека одлучила да остане во Гвадалахара, бидејки Трини се заканила дека ќе го ограби татко и откако ќе замине.

Густаво ја доведува Нати во клиника каде што констатираат дека доживела срцев удар.

Сите во матичното се загрижене поради доцнењето на невестаата. Густаво и јавува на Лусија и ја известува дека Нати е во болница и дека самата побарала да дојде Алберто со матичарот во клиниката.

Анхелес го убедува Октавио да и дозволи да се јави некому од фамилијата бидејки сигурно до сега забележале дека ја нема и ќе почнат да ја бараат.

Нати има желба да се омажи за АЛберто токму тој ден. Во болничкиот кревет, држејки го саканиот за рака, матичарот го прогласува бракот за валиден.

Густаво и Лусија се гледаат со полно љубов за време на церемонијата.

Анхелес и јавува на Лусија и ја лаже дека заминала на патување. Додека зборува со својата мајка, Октавио и држи нож на девојката под брада.

 

продолжува

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

error: Содржината е заштитена!