Почетна / Вебновела / Одмазда – љубов и смртна казна (45. продолжение)

Одмазда – љубов и смртна казна (45. продолжение)

Алис стоеше треперејки како лист на ветер пред Енцо чекајки италијанецот да се смилува на нејзината трагедија.
– И зошто треба да ти помогнам?
– Гледај на тоа како мене да ми правиш услуга, – одговори Кристина.
– Одговори ми, Кристина, дали и ти си замешана во проблемот на госпоѓицата?
– Не, Кристина само ми помага, – одговори Алис. Најмалку сакаше да вмеша и трето лице во проблемот.
– Работата е во тоа што ја тераат кутрата девојка да биде во брак со

 
ОДМАЗДА
љубов и смртна казна 

Продолжение 45 – „Мајка и ривалка“

 

Алис стоеше треперејки како лист на ветер пред Енцо чекајки италијанецот да се смилува на нејзината трагедија.
– И зошто треба да ти помогнам?
– Гледај на тоа како мене да ми правиш услуга, – одговори Кристина.
– Одговори ми, Кристина, дали и ти си замешана во проблемот на госпоѓицата?
– Не, Кристина само ми помага, – одговори Алис. Најмалку сакаше да вмеша и трето лице во проблемот.
– Работата е во тоа што ја тераат кутрата девојка да биде во брак со младиот Анибал Кастењон, – рече Кристина во меѓувреме.
– Тоа не е мој проблем, – одговори Енцо, оставајки ја косата за сечење трева која веќе му направи пликови на рацете.
– Енцо, знам дека не си во добри односи со Фаусто, – додаде Алис. – Никој не може да биде добар со тој монструм, дури ниту неговата сопруга…
– Што е со неговата сопруга?, – праша Енцо, погоден во срце.
– Фаусто ја малтретира. Не би била изненадена ако еден ден и таа избега од него.
– Ниту тоа не ме интересира, – додаде фригидно, иако делуваше како за момент приказната да го допре.
– Енцо, те молам дозволи ми барем да останам еден ден. Утре веќе ќе си одам. Ќе најдм некој пансион во Назаре. Те проколнувам дозволи ми да останам.

Првата идеја која и падна на Лукреција беше да ја побара својата ќерка во селото, во борделот на онаа жена, поточно. Го сопре автомобилот пред куќата и погледна околку себе за да не биде забележана. Главата и беше прекирена со марама за да не биде препознаена. Влезе во просторијата која мирисаше на цигари, рум и непрочистен воздух.
– Добар ден, госпоѓо, – ја поздрави Кармен, сместена на една црвена фотеља, пушејки цигара. – Се сеќавате на мене?, – праша Лукреција, вадејки ја марамата од глава.
– Кој може да заборави така убава дама како вас?
– Тука сум…Бидејки ја барам мојата ќерка. Претпоставувам дека е тука…
– Зошто ме прашувате мене? И двете знаеме дека треба да и се обратите на Кристина.
Кристина? Како не се сети порано?! Кристина мора да знае каде е Алис.

Анибал дозна за бегството на Алис откако пред појадокот неговиот татко му ја соопшти веста. Му рече дека најверојатно не е далеку бидејки автомобилот не го земала, а и сите коњи беа на број, што значи дека пошла пешки.
– Имаше ли некој конфликт помеѓу тебе и неа за да побегне така, преку ноќ?
Анибал куквички премолче. Не поради реакцијата на својот татко, туку поради срамот од гревот кој и го имаше направено.
– Се плашам дека Алис не ме сака, татко, – беше неговиот одговор.
– Љубовта доаѓа со времето. Уште нешто. Неопходно е таа девојка да роди твое дете.
– Се плашам дека за тоа ќе морам да ја присилам.
– Ако е потребно, присили ја.
– Сметам дека тоа не е најдобриот начин, татко.
– Мораш да бидеш цврст и одлучен. Жените презираат слаби мажи. Ти си Кастењон, не го заборавај тоа.
– Како можам да заборавам, татко?
– Понекогаш ми се чини дека забораваш. Оди и најди ја твојата жена!

Марија Грација не можеше да ја заборави горчливата сцена кога нејзината ќерка единица ја виде на кујнската маса со човек кој не е нејзиниот татко. Горчината во очите на Моналиса беа нешто што никогаш нема да може да го заборави. Слушна тропање на вратата и појде да отвори, претходно бришејки ги солзите. Беше Лукреција.
– Извини што ти додевам во ден кога си слободна…
– Не е проблем. Што можам да сторам за вас, доња Лукреција?
– Морам да зборувам со тебе.
– Кажете.
– Кристина ја зела мојата ќерка од куќата.
– Кристина?
– Да, твојата сестра.
– Извинете на прашањето, госпоѓо, но каква врска има Кристина со вашата ќерка?
– Ќе ти кажам нешто, но те молам да остане меѓу нас две, Марија Грација.
– Имајте доверба во мене.
– Алисиња, мојата ќерка има нешто повеќе од пријателство со твојата сестра.
– Мадона миа, – крикна жената.
– Марија Грација, морам итно да ја најдам мојата ќерка.

Вестта за исчезнувањето на Алис се прошири како чума низ куќата. Секој кој живееше или работеше на фазендата зборуваше само за таа тема тоа претпладне. Елиса делуваше незаинтересирано кога Естер ја сподели вестта со неа и ја праша дали знае каде е.
– Не, не знам каде би можела да биде.
– Зарем не ти кажа ништо?
Естер беше изненадена што нејзината внука заминала без збор, свесна дека Алис и Елиса се многу блиски.
– Не. Само ми кажа дека бракот со мојот брат ја прави несреќна.
– Кутриот Анибал, – воздивна Естер. – Кутриот мој син, не заслужува вака да биде третиран.
– Можеби вака е подобро за двајцата.
– Како можеш да го кажеш тоа Елиса?
– Сметам дека љубовта не е нешто што може да се присили. Добро знаеш за што зборувам, мајко.
– Но, Алисиња го љуби Анибал.
– Навистина мислиш така?, – Елиса цинично ја праша својата мајка.
– Зошто си толку дрска со мене, Елиса?
– Прости ми, мајко. Но сметам дека не е праведно да се поигрува со туѓите животи како да се марионетки.
– Зошто ми зборуваш така?, – Естер не можеше да го разбере тонот во гласот на својата ќерка.
– Бидејки сакам да ти нагласам дека Алисиња заминала од дома бидејки не го љуби Анибал. Тоа е многу пофер одошто да остане со него и да го изневери по некое време.
Естер знаеше дека зборовите се упатени за неа. За нејзината афера со Енцо. За неверството кон Фаусто. Не можеше да негира, па рече;
– Моето со Енцо заврши.
– Прости ми, но не ти верувам.
– Јас сум ти мајка, не можеш така да ме третираш!
– Само не знам како можеш да изневеуваш човек како татко. Човек кој секогаш се грижел за тебе, човек кој неизмерно те љуби…
– Доста! Се гледа колку малку го познаваш твојот татко и колку не ме познаваш мене. Немам намера да продлжам да те слушам.
– Те боли вистината?
Ваквите зборови стигнаа до Естер пред да ја напушти собата. Се заврте. Погледна во својата ќерка. До она девојче кое до скоро беше толку кротко и си играше со куклите на верандата. Сега и се обраќаше како ривалка. Не можеше да ја препознае. Не знаеше што да каже и без збор ја напушти собата.

Алисиња се чуствуваше должна да биде корисна додека престојува во колибата кај Енцо, па го помина денот во перење, чистење прашина, средување по дома…Кога Енцо се врати пред пладнина, изморен од работата на поле, одвај ја препозна куќата внатре. Беше чисто, проветрено, мирисаше на див јоргован кој Алис го имаше скинато од дворот и ставено во две вази.
– Навистина не трбало да чистиш. Знам дека не си навикната.
– Го сторив тоа за мене. Не сум навикната да престојувам во валкана просторија. Ќе направев и јадење, но не знам да готвам.
– Јас ќе се погрижам за јадењето.
– Готвиш?, – го праша помалку изненадено.
– Да.
– Навистина не престануваш да ме изненадуваш, Енцо. Мажите кои готват се реткост. Мојот татко готвеше…Готвеше многу добро. За жал немав време да ги научам кулинарските вештини од него. Почина кога бев дете. Енцо…Сакам да знаеш дека го ценам ова што го правиш за мене.
– Ова го правам за мојата сорела. Каде ќе живееш кога ќе заминеш одовде?
Ја праша ставајки и до знаење дека нема намера да ја држи подолго од договореното под тој кров.
– Сеуште не знам. Исто така сум и благодарна на Кристина за се што направи за мене. Би сакала да ја имам за пријателка.
– Вие не сакате да и бидете само пријателка на Кристина, госпоѓице.
– Признавам дека сум поинаква од сите жени кои ги познаваш, Енцо. Затоа не сакам да завршам како мојата тетка Естер, мажена за монстурм.
Тропање на вратата. Се слушна очајниот глас на Лукреција;
– Енцо! Енцо, те молам отвори! Ја барам мојата ќерка!
Алис почуствува како и се заледува крвта во вените.

***

 

 

 

Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …