Почетна / Вебновела / Предавство, епизода #32 |Alevosía

Предавство, епизода #32 |Alevosía

 

Диего и префрла на Сесилија што излегува со Октавио велејки и дека тој не е човек од доверба.  Сесилија му вели дека кога нејзината мајка може да се гледа со убиецот на нејзиниот татко, и таа може да се гледа со кој сака.

Октавио во меѓувреме се соочува со сестрата Ракел која го информира дека има докази дека тој го убил Игнасио Соријано подметувајки му лажни пилули. Октавио и префрла дека нее постојат докази кои можат да го обвинат за тоа злодело.

Трини ја посетува својата сестра Лусија и и вели дека се додека се гледа со Густаво, Анехелес никогаш нема да се помири со тоа. И признава дека Анхелес е сеуште вљубена во докторот.

Доаѓа денот на судењето на Густаво. Во судницата се рефлектира тензија на лицата на присутните. Првата која има право на сведочење е Кларита, дамнешната секретарка на Игнасио Соријано. Кларита објавува дека Игнасио лажел патување во Њујорк додека бил во клиника поради срцев удар. Меѓу другото, на голем шок кај присутните, Кларита признава дека повремено се гледала со покојниот како негова љубовница.

Нати, која е во одбрана на Густаво, како сведок ја повикува Наталија Роблес, поранешната љубовница на Игнасио, но Наталија не се појавува на сведочењето. Нати го известува судијата дека ќе направи се за да ја донесе жената пред суд.

Вечерта во вилата, Сесилија и префрла на Лусија дека го извалкала семејното име. Тогаш Лусија и префрла на својата најмала ќерка дека Октавио има лоѓо влијание за неа и дека негова единствена цел е да ја сврти против неа, бидејки беше отпуштен од клиниката. Лусија ја моли Сесилија да размисли.

Анхелес не може да престане да мисли на Густаво и и признава на Трини дека нејзината љубов кон докторот е се поголема, дека секое негово одбивање се повеќе прави да го посакува. Трини и вели дека може е најдобро да го заборави бидејки не и треба маж кој ќе лежи затвор. Анхелес со сигурност вели дека Густаво не може да биде убиец.

Алфредо и признава на Лусија дека му се допаѓа нејзината пријателка Нати. Дека од разводот со Трини немал врска со ниедна друга жена, плашејки се дека може да биде повреден. Лусија го храбри да ја покани Нати да излезат иако е свесна колку нејзината пријателка е тешка за романса.

Во дневната новина ќе излезе натпис за Лусија дека се гледа со убиецот на нејзиниот маж, кој го назначила за директор на клиниката. Доња Инес не може да си дозволи ваков скандал и бара разговор со постарата ќерка.

За време на истиот, доња Инес ја советува Лусија дека жена во нејзина доба, со три деца и кариера зад себе не може и не смее да си дозволи скандал од таков тип, само затоа што е лесна на помлад и згоден маж.

Следен од советот на Лусија, Алфредо ја кани Нати на ручек. Адвокатката мора да го одбие поради константните обврски.

Лусија серизоно размислува да го остави Густаво. Поради сите проблеми со Анхелес, Сесилија, па сега и со печатените медиуми, Лусија го известува хирургот дека престанала да го љуби. Густаво и вели дека не и верува, дека тоа го прави за Анхелес, но дека сеуште го љуби како и тој неа. Силно и страсно ја бакнува, додека несвесни медиумите ги фотографираат во страсен бакнеж.

 

продолжува

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …