Почетна / Телевизија / Твоето лице звучи познато / Ова се учесниците во новата сезона на „Твоето лице звучи познато“

Ова се учесниците во новата сезона на „Твоето лице звучи познато“

 

Ова се учесниците и жирито на третата сезона од ТЛЗП

 

 

И покрај тоа што се шпекулираше дека учество во популарното српско шоу “Твоето лице звучи познато” ќе земе Тијана Дапчевиќ, сепак таа нема да биде дел од третата сезона. ТВ Пакет ексклузивно ги објавува сите учесници кои наредните три месеци ќе имитираат познати пејачи и пејачки, а воедно и ќе ја забавуваат публиката пред тв екраните.

 

 

Учесник од Македонија е Даниел Кајмакоски, на кој изгледа му тргна во талент шоу програмите, па така по Икс фактор, ќе го гледаме и во ТЛЗП.

 

 

Други учесници се : Дара Бубамара, Ивана Питерс, Славица Чуктераш, Катарина Остојиќ Ката, Ана Михајловска, Никола Роквиќ, Неш Бриџис, Богољуб Митиќ и Халид Муслимовиќ.

 

 

Дел од жирито ќе бидат Иван Ивановиќ и Ана Кокиќ, а кој ќе биде третиот судија, се уште не се знае. Она што се знае е дека тоа нема да биде Ѓура, кој беше дел од жирито минатите две сезони.

 

 

Почетокот на шоуто е 6 март (недела) во 21 часот во Македонија, Србија, Црна Гора и Босна. Сител телевизија ќе го емитува за македонските гледачи, а ние сме тука да ве известиме за сите пикантерии поврзани со учесниците и настапите.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Елена со „Текила и лимон“ – специјална гостинка на финалето на ТЛЗП

  “Текила и лимон” пред балканската публика   ТВ Пакет открива: македонската поп пејачка Елена …