Почетна / Филм / Среда, 27 декември | Документарец за Робин Худ на Телма

Среда, 27 декември | Документарец за Робин Худ на Телма

Вистински или фиктивен херој, Робин Худ е пред сè културна референца. Секој може да се идентификува со вредностите и посветеноста на овој лик, а тоа е така околу 800 години.

Тој е херој кој се слави на сите континенти низ сите медиуми; икона на популарната култура, модел на доблест и посветеност за сите генерации. Но, документарците за него се малку. Во овие неизвесни времиња, крајно време е повторно да ја разгледаме оваа ѕвезда на социјалната правда.

Робин никогаш не излезе од мода: угнетувачите и угнетените се секогаш во вестите. Овој филм ја раскажува фасцинантната сага за популарна и револуционерна икона присутна низ сите медиуми; од детски песни до литература, филмови, ТВ, стрипови и од неодамна видео игри. Шампионот на сиромашните апелира до сите генерации, култури и региони во светот во документарниот филм кој ќе се емитува на Телма во 20.20 часот на 27 декември 2023.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Данската историска романса „Кралска афера“ на 14 јуни на Телма

Во 1767 година, британската принцеза Каролин е венчана за лудиот крал на Данска, Кристијан VII. …

error: Содржината е заштитена!