Почетна / Филм / Божиќни филмови за празнично расположение на Сител

Божиќни филмови за празнично расположение на Сител

Во најубавиот празничен викенд, следуваат забавни и семејни божиќни филмови на телевизија Сител за сите деца и сите оние кои сакаат да ја доживеат магијата на празниците.

Прв во редот на најдобрите е “Second chance for Christmas”, кој ќе се емитува вечерва по полноќ. Во оваа романтична божиќна комедија, Керолин е несреќно мажена. Тaa е на пат да поднесе документи за развод, но на пат има несреќа.

Наскоро, под влијание на амнезија, Керолин почнува да гледа на својот живот од нов агол.

Големиот Божиќ започнете го во 12.20 часот на пладне со “Barbie in a christmas carol”, анимирана адаптација на класичната приказна на Дикенс, полна со прекрасни божиќни песни, чудесна мода и многу забава во лондонскиот театар.

Веднаш потоа во 13.50 часот следува “Beethovens Christmas Adventire”. Познатото куче Бетовен мора да го спаси елфот и да му ја врати санката на Дедо Мраз за да го спаси Божиќ.

Во недела, на втор ден Божиќ следува вториот дел за Барби и нејзините сестри, “Barbie – a perfect Christmas” точно на пладне…,

… а веднаш потоа во 13.30 часот добропознатиот “How the Grinch stole Christmas”.

Тој е злобен, зелен и ги мрази празниците и затоа одлучува да го украде Божик. Џим Кери е во главната улога на Гринч во оваа адаптација на класичната приказна на д-р Сјус.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Недела, 23 јуни на Телма, 22.15 часот | Воениот трилер „Ѕидот“

За време на војната во Ирак, наредникот на штабот на американската армија Шејн Метјус е …

error: Содржината е заштитена!