Почетна / Телевизија / Нова сезона од квизот „Круг на знаење“ во 17 часот на Алфа

Нова сезона од квизот „Круг на знаење“ во 17 часот на Алфа

 

“Круг на знаење” – oд понеделник до петок на Алфа

 

Познатото квиз шоуто “Круг на знаење”, кое пред две години се емитуваше на Македонската телевизија, од сега ќе се емитува на фреквенцијата на Алфа. Се работи за квиз кој беше обожуван од публиката која бара квизови на вистинско знаење и која постојано прашуваше кога повторно ќе се појави на тв екраните.

 

 

Квизот е во продукција на Томато, а на фреквенцијата на Алфа ќе се емитува секој работен ден, од понеделник до петок во 17 часот. Водител на квизот ќе биде Ирена Спировска.

 

 

Пријавувањата за нови учесници се вршат на телефонскиот број (02) 3094 – 993 каде телефонски се прави едно кратко испитување, за потоа учесникот да биде повикан да се натпреварува во Кругот на знаење.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Левица за Телма: Oстанете да тонете во малициозност и аматеризам

Жесток допис на претседателот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев до ТВ Телма, а кој …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!