Почетна / Вебновела / Одмазда – љубов и смртна казна (25. продолжение)

Одмазда – љубов и смртна казна (25. продолжение)

 

 

Естер и Лукреција внимателно ја напуштија фазендата. Естер имаше некој убав немир во себе, чекајки да се сретне со саканиот на договореното место. Нејзина среќа, крај неа беше Лукреција како заштита и изговор ако биде фатена.Само што слегоа од верандата, до жените пријдоа Фаусто и Антенор.
– Естер! Добро е што те гледам. Баш сакав да те побарам да те поканам да одиме на прошетка.
На Естер и застана кнедла во грлото.
– Има проблем?, – праша Фаусто.
– Само што сакав да одам со Лукреција…
– Да, но сега ќе одиш со мене. Остави ја Лукреција сама, сигурен сум дека ќе се снајде. Ајде, – инсистираше Фаусто, па пријде до својата сопруга и ја заде под рака.

 

 

Одмазда – љубов и смртна казна

Продолжение 25 – „Грешница“

 

Естер и Лукреција внимателно ја напуштија фазендата. Естер имаше некој убав немир во себе, чекајки да се сретне со саканиот на договореното место. Нејзина среќа, крај неа беше Лукреција како заштита и изговор ако биде фатена.Само што слегоа од верандата, до жените пријдоа Фаусто и Антенор.
– Естер! Добро е што те гледам. Баш сакав да те побарам да те поканам да одиме на прошетка.
На Естер и застана кнедла во грлото.
– Има проблем?, – праша Фаусто.
– Само што сакав да одам со Лукреција…
– Да, но сега ќе одиш со мене. Остави ја Лукреција сама, сигурен сум дека ќе се снајде. Ајде, – инсистираше Фаусто, па пријде до својата сопруга и ја заде под рака.

Лукреција се чуствуваше должна да го извести Енцо за непријаатностите до кои дојде, па веднаш откако заминаа Фаусто и Естер замина кон колибата на послугата, со надеж дека ќе го најде Енцо и ќе може да му објасни. На нејзино големо изненадување, вратата ја отвори Кристина.
– Види што донел ветрот.
– Морам да разговарам со твојот брат.
– За што?
– Тоа не е твоја работа.
– Ако сакате да разговарате со Енцо, ќе морате да оставите порака преку мене бидејки мојот брат не е тука. Не ми велете дека има нешто помеѓу Вас и мојот брат?
– Како можеш да кажеш нешто такво? Се надевам дека нема да морам уште долго да те трпам тука. Самата ќе се погрижам да те истераат од фазендата.
– Зошто сакате да си одам? За никој да не дозане каква изопачена ќерка имате?
– Бесрамничке!-, -извика Лукреција, подготвена да и удри шлаканица. Но, Кристина со брз рефлекс и ја зграпчи раката и ја притисна за ѕидот до вратата.
– Ова да биде последен пат како што сте кренале рака на мене, госпоѓо. Ако уште еднаш сте ме понижиле, јас лично ќе се погрижам да ја оцрнам Вашата репутација, дали сум јасна?

Напуштената ветерница покрај реката беше идеално место за тајни средби. На старите њидини беше израсната дива роза- ползавец, а самата глетка беше неверојатна. Енцо седеше на една од карпите во близина, фрлаше камчиња во реката и ја чекаше својата љубена. Во еден миг слушна брефтање и топот на коњ, па се насмевна и се заврте да ја пречека, но покрај Естер на другиот коњ беше Фаусто. Енцо клекна во високата трева за да не биде виден и се задскри зад ѕидините.
– Зошто ме доведе тука?, – Естер го праша Фаусто кога слезе од коњот.
– Како зошто? Ова е твоето омилено место, – одговори тој, врзувајки ги уздите на коњот за дрвото.
Естер со поглед го бараше Енцо. Имаше лошо претчуство во утробата. Се плашеше дека можеби Фаусто нешто се посомневал. Барајки го со погледот, се сепна на еден камен но Фаусто ја задржа со своите силни раце.
– Вакава сакам да те гледам, – и рече, држејки ја цврсто за себе. – Потчинета и само моја. Ти сеуште си најубавата жена која некогаш ја виделе моиве очи, Естер, – додаде и почна да ја љуби диво.
– Фаусто, те молам, некој може да не види.
– Никој нема овде…Далеку сме од цивилизацијата и луѓето, – додаде тој, раскопчувајки и ја кошулата. Додека таа со поглед шараше околу, го почуствува неговиот јазик на своите брадавици, а неговата крута машкост на своте препони. Се обидуваше да го отурне од себе, но беше невозможно. Ја легна на тревата и и ги рашири нозете.
– Фаусто, престани…те молам немој тука.
– Зошто не тука? Зошто?, – процеди низ заби.
– Бидејки не можам…, – таа се обидуваше да го одврати од мислата но беше предоцна. Тој веќе навлегуваше во неа. Болно, речиси грчевито.
Од страна стоеше Енцо и гледаше како тој човек против нејзина воља ја прави своја неговата сакана. Со забите ја прегриза долната усна, беше преболен сиот тој чин за гледање…

Слика

Енцо – распнат помеѓу тајната љубов и презирот

Имаше силна желба да стане, да го грабне Фаусто и да му го даде заслуженото. Но, со кое оправдание? На крајот, сепак тој беше само љубовникот, а тој таму, човекот кој ја силуваше неговата сакана, беше нејзин сопруг. Не можеше да гледа повеќе, стана и замина во спротивниот правец.
Естер се бореше на секој можен начин за да го тргне телото на Фаусто од своето. Се служеше со нокти, заби и тупаници.
– Пушти ме, Фаусто, ме боли…
– Ќе те боли и ќе молчиш! Тоа е твоја должност како жена.
– Не овде, не ми е удобно, – рече таа на крајот кога успеа да се одвои од неговото тело.
– Ти било удобно или не има да ме удоволиш, Естер!, – гневно и дофрли тој, облекувајки ги панталоните на себе. – Да одиме, пред да не стемни…
Естер стана од земјата и погледна кон воденицата. Немаше ни трага од Енцо.
– Може ли да останам уште малку?, – праша додека Фаусто ги одврзуваше уздите на коњот.
– Не, ти доаѓаш со мене, – беше јасен. – Побрзај.

Антенор го повлече последото димче од цигарата и го фрли отпушокот пред да влезе во колибата за вработени. Знаеше дека Марија Грација и Моналиса ќе останат до доцна на фазендата, па реши да ја искористи ситуацијата и да биде насамо со неговата балдска Кристина. Таа се средуваше пред огледалото кога влезе тој, и се нафрли како бесен тигар одзади, држејки ја цврсто за половината и го љубеше вратот.
– Како е најубавата тигрица на ова парче земја?
– Антенор, пушти ме!, – дрско извика таа, ослободувајки се од неговата прегратка. – Тебе не ли те учеле да тропнеш пред да влезеш? И не сакам да ме допираш. Најмалку што ми треба е уште еден повод повеќе да ме мрази Марија Грација.
– Што ти е гајле за таа огорчена?, – ја праша тој и повторно ги побара нејзините сензуални облини. – Отсекогаш сакав да имам вака страсна жена покрај себе.
– Пушти ме, несреќнику…
Додека Кристина се обидуваше да се ослободи од неговите раце, а Антенор ја љубеше каде ќе стигне, во просторијата влезе Марија Грација.
– Што правите вие двајца?, – извика хистерично. – Неблагодарници! Зарем немате ни грам почит кон куќата на мојата мајка?
– Твојата сестра беше таа која се нафрли на мене, Марија, – се бранеше Антенор.
– Лажго!, – избувна Кристина.
– Антенор излегувај одовде!,- му нареди готвачката на својот сопруг. – Ти не си свесна за што се сум способна, Кристина!, – и се закани на својата помала сестра, откако Антенор ја зеде шапката и замина.
– Не сум виновна што имаш беден маж.
– Само Господ знае колку сакам да си одиш одовде. Ти си змија отровница, Кристина. Дојдов само да ти кажам дека те бара дон Фаусто. Оди по ѓаволите, – процеди низ заби и излезе од просторијата.

Лукреција се врати назад во својата соба, откако пропадна прошетката со нејзината братучетка, кога на креветот го забележа нејзиниот помлад внук, удобно сместен на лежајот, со раскопчана кошула и една од нејзините книги во раце.
– Што бараш ти овде, Рикардо?
– Сакав да зборувам со тебе, Лукреција, – одговори тој, стана од креветот и ја врати книгата на полицата.
– Мојата соба не е соодветно место за разговор. Подобро да ме оставиш сама.
– Не, сакам да разговараме за Анибал и за односот кој го имаш со него.
– Како се осмелуваш така да зборуваш со мене, дрзнику?
– Тетко, ти си модерна жена, зошто не ја објавите јавно врската со Анибал и да престанете да си играте криенка? Така многу полесно ќе можете да ја изразите љубовта која ја чуствувате еден за друг.
– Излегувај одовде!, – извика Лукреција, покажувајки му ја вратата. – Надвор!
Откако го истера од својата соба и остана сама, пријде до оставата и посегна по своите пилули за смирување. Нештата почнаа да излегуваат од контрола. До кога ќе може да оди вака?!

Во меѓувреме, Анибал ја побара Алис бидејки сакаше да разговара со неа. Влегоа во собата со пијано, каде што можеа да бидат насамо.
– Претпоставувам дека сакаш да разговараме за нашиот брак, – немирно рече девојката кога останаа сами.
– Да, но овој пат е поинаку.
– Да? Што е поинаку?
– Сметам дека си во право…
– Што тоа?
– Исто како и ти, – додаде тој, седнувајки до неа на софата. – Сметам дека овој брак нема смисол.
– Ти си сериозен?, – на лицето на Алис се развлече насмевка.
– Да, залудно е да договараме брак кога никој од нас не го љуби другиот.
Алис беше толку среќна во тој момент што му се нафрли на својот братучед и силно го прегрна.
– Анибал, смеам ли да знам што те натера да го промениш мислењето?
– Тоа е нешто лично,- и одговори нервозно. Немаше намера да биде комплетно искрен со неа. А и што би и рекол?! Дека е вљубен во нејзината мајка?! – Алис, јас не можам да се оженам со тебе, бидејки љубам друга жена.
– Навистина?, – го праша таа, помалку изненадена. – Кажи ми која е таа жена? Ветувам дека нема никому да кажам. Ајде, кажи ми. Која е жената која ти го украла срцето?

Кубанската пура на Фаусто догоруваше во пепелникот на бирото, додека тој ги потпишуваше чековите за испалта на работниците во работната библиотека кога влезе Крситина.
– Сте ме барале, газда, – почна кокетно.
– Пријди.
– Јас пак мислев дека ме сакате само навечер.
– Не, имав желба да те видам сега, – рече тој и стана од бирото. Ги побара нејзините сензуални усни, додека со рацете ја грабаше нејзината задница. Присуството на таа жена во куќата беше непрестано искушение. Понесени од страстта, ниту едниот од нив не ја насети младата Елиса кога влезе во библиотеката. Девојката беше скаменета. Гледаше пред себе, држејки ја дланката преку својата уста. Тоа беше нејзиниот татко во страсна прегратка со таа неморална жена. Чуствуваше како го губи тлото под нозете.
– Елиса, што ти е ќерко?, – праша Фаусто, пријде до својата ќерка, ја зеде в раце и ја седна на фотељата. Девојката беше бледа и губеше воздух. И нареди на Кристина да ги отвори прозорците, додека тој го повика својот син Анибал кој во соседната просторија разговараше со Алис.
– Анибал, дојди веднаш! Твојата сестра се онсвести!

Со смарагдна марама преку главата, која се поклопуваше со бојата на нејзините очи, Естер клечеше на колена пред олтарот во капелата, барајки прошка за своите гревови.
– Исусе, знам дека сум грешница, знам дека ова искушение направи да им го свртам грбот на мојот сопруг и моите деца. Помогни ми да излезам на правиот пат, милозлив боже.
Завртена со грб кон вратата, Естер не забележа дека повеќе не е сама во капелата. Антониета стоеше на неколку чекори зад неа, доволно близу да ја слушне исповеста на својата господарка.
– Ова што го чуствувам е посилно од разумот. Не можам да престанам да мислам на него. Го љубам, Боже, го љубам како ниту еден маж претходно…
Антониета немарно ја турна подлогата со свеќите и восокот се разлеа на мермерниот под. Вревата ја прекина Естер во исповеста.
– Антониета, – крикна кога се заврте.
– Прости што те прекинав, Естер. Немав намера да пречам, дојдов бидејки те бара Фасуто. Елиса не е добро.

Фаусто и Анибал ја доведоа Елиса а раце во нејзината соба. Откако удобно ја сместија на креветот, Алис ја послужи со вода девојката.
– Дали ти е подобро?, – ја праша нејзиниот брат.
Елиса потврдно кимна со главата.
– Што се случи, Елиса?, – Анибал инсистираше да знае која е причината за несвестицата на неговата сестра.
– Оставете не насамо, Анибал, – побара неговиот татко, плашејки се дека девојката може да прозбори.
Анибал и Алис ја напуштија собата, а Фаусто пријде до креветот на својата ќерка, седна до неа и ја побара нејзината рака.
– Елиса…Она што го виде во библиотеката нема никакво значење. Те молам немој погрешно да ме разбереш. Таа жена е грешница. Кристина сака да го остави зад себе своето минато, грешниот живот…А јас и помагам во тоа. Дали разбираш што сакам да ти кажам?
– Да, – кратко одговори девојката со солзи во очите.
– Ова е задолжение од Бога. Задача која морам да ја остварам како покорен слуга на Семоќниот. Но, мораш да молчиш. Не сакам никој да знае за она што го виде.
– Но, зошто, тато? Нема ништо лошо во тоа што сакаш да им помагаш на луѓето.
– Фалењето е смртен грев а јас не сакам да живеам во грев. Таа жена ќе се спаси и еден ден ќе живее во Рајот, благодарение на мене.
Во собата влезе и Естер, веднаш откако Антониета и соопшти дека Елиса не е добро.
– Како е моето девојче?, – праша задишано, поради брзиот од од капелата до куќата.
– Подобро сум, – одговори Елиса.
– Можеби треба да побараме доктор, – инсистираше Естер, држејки ја во прегратка саканата ќерка.
– Добро знаеш дека не им верувам на тие пагани, Естер, – одби Фаусто.
– Но, нашата ќерка не е добро.
– Сега ми е подобро, мајко.Разговорот со татко ме смири, – додаде девојката, а ваквиот одговор предизвика блага насмевка кај Фаусто.- Фатете се за рака, тато и мамо. Сакам вака да ве гледам секогаш. Двајцата заедно.
– Пред многу години, твојата мајка и јас се заколнавме на вечна љубов пред Господ. Само смртта ќе може да не раздели. Зарем не е така, Естер?

Продолжува во среда…

 

 

 

Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

error: Содржината е заштитена!