Почетна / Сапуници / Издадена книга за згодите и незгодите на Појраз од „Мојот син“

Издадена книга за згодите и незгодите на Појраз од „Мојот син“

 

Ликовите на Појраз и Ајшеѓул од телевизиска серија на парче хартија

 

 

Издавачката куќа Dogan kitap во соработка со Етхем Озишик (сценаристот на серијата “Мојот син”) ја издаде книгата со наслов „Појраз Карајел: Нека се случи некое чудо“. Книгата е составена од сценаријата за првите 55 епизоди од серијата.

 

 

Со овој гест. во печатена форма ќе останат запамтени ликовите како што се: „Сите се индијанци“ – Појраз, најубавата на светот – Ајшеѓул, татко над татковците – Бахри, лидерот – Сема, неразделната тројка – Зулфиќар, Тврдоглав и Сефер, бомба која секогаш е спремна за експлодирање – Садретин, потпалувачот на секоја караница и зачинот во секоја чорба – Сонѓул, едните и единствените соседи на Појраз – Полковникот, Имран и Иса, единецот на тато – Синан, „Бог нека те казни“ – Мумтаз и други.

 

 

Со оваа книга ќе бидат запамтени и незаборавните карактеристики на истоимената серија како што се: свечените говори на Појраз, глобалниот капитализам на Зулфиќар, советите на татко Бахри, дијалозите помеѓу Ајшеѓул и Појраз полни со љубов, исклучителната бистрина на Синан, неочекувана за едно дете, ставот на Сема во мафијашкиот свет, разговорите меѓу Зулфиќар, Тврдоглав и Сефер, исклучително забавните домашни задачи на Иса и Појраз, бескрајните кавги помеѓу Садретин и Сонѓул, незаборавните натписи на ѕидот од зградата на Појраз и уште многу други спомени, згоди и незгоди.

 

 

И токму овие работи ја направија “Мојот син” една од најгледаните и најпопуларни телевизиски содржини за 2017.та година во Македонија. Секоја вечер во 22 часот на Сител телевизија ги следите последните епизоди до завршницата на омилената семејна крими серија.

 

 

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гледачите и фановите бараат Телма да продолжи со нови теленовели

По големото внимание кое го предизвикаа дневните мексикански серии, гледачите со неверување дека одеднаш Телма …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!