Почетна / Телевизија / Х Фактор / Х Фактор live 4, од минута во минута!

Х Фактор live 4, од минута во минута!

 

 

Вчерашното live издание на „Х Фактор“ четврто по ред го отвори нашиот Даниел Кајмакоски со песната „Counting Stars“ од бендот One Republic која сам ја одбра. Емина му рече на Даниел дека оваа песна ја сакала за своите момци, но оти тој бил побрз од неа, па сакаше да знае колку песни Даниел има однапред букирано. Жељко коментираше дека се плашел поради околу тоа како Даниел ќе се снајде со кореографијата, се плашел да не го изгуби здивот, но тоа не се случи. „Од емисија во емисија се повеќе се посветуваш. Имам впечаток дека одиш на се или ништо во својот живот“, му рече Жељко на Даниел.

 

Вчерашното live издание на „Х Фактор“ четврто по ред го отвори нашиот Даниел Кајмакоски со песната „Counting Stars“ од бендот One Republic која сам ја одбра. Емина му рече на Даниел дека оваа песна ја сакала за своите момци, но оти тој бил побрз од неа, па сакаше да знае колку песни Даниел има однапред букирано. Жељко коментираше дека се плашел поради околу тоа како Даниел ќе се снајде со кореографијата, се плашел да не го изгуби здивот, но тоа не се случи. „Од емисија во емисија се повеќе се посветуваш. Имам впечаток дека одиш на се или ништо во својот живот“, му рече Жељко на Даниел.

 

 

Втора настапи Александра Бркович, која ја отпе микс од „Због тебе“ од групата Tap 011 и „Тек је 12 сати“ од групата  E.T. Емина Јахович два пати повтори дека комбинацијата на овие две песни никако не и била јасна. Кристина Ковач и порача на Александра дека подобро и стои dance музиката, па и препорача следен пат да одбере нешто во стилот на Емели Санде. Водителката Ана Грубин ја запраша Александра што се случило со нејзиниот глас кој оваа вечер беше поинаков, па таа одговори дека била настината.

 

 

Алекса Перовиќ беше следниот кој настапи со песната „Bailamos“ од Енрике Иглесиас. Емина својот кандидат повторно го најави како момчето со најубава насмевка во шоуто. Жељко на Алекса му рече „Мајсторе, ти лежи овој стил“. Исто така искоментира дека замислувал како оваа песна би звучела на српски јазик. Кристина истакна дека би сакала да го слуша Алекса како пее на српски јазик.

 

 

Следна беше Александра Секулиќ, таа ја пееше песната „Као да ме нема“ од Вана. Емина коментираше дека Александра повеќе се посветила на кореографијата, а не на пеењето. Жељко коментираше дека во настапот недостигало повеќе енергија и смета дека следниот пат треба да му дозволи на својот ментор да и одбере песна. Со тоа се согласи и Кристина, која и рече дека оваа песна била преголем залак за неа.

 

 

Групата Доктори ја го пееја хитот „Happy“ на Фарел Вилијамс. „Се чувствува авторскиот удел на вашиот ментор. СМетам дека имате загарантирано место на овој пазар ако останете заедно“, рече Кики. „Да не бевте доктори, знаете како би ве викала – мајстори. Кристина ова е еден од најдобрите настапи“, порача Емина. И Жељко имаше позитивни коментари за настапот на Доктори.

 

 

Илма Карахмет ја пееше песната „Нисам анџео“ која е преработка на песната „Ангел мој“ на Александра Пилева. Илма се соочи со проблем, не се слушаше себеси, што ја речиси ја доведе до солзи. Сите членови на жирито се согласија дека песната била лош избор. „Илмице драга… Тешка е оваа песна уффф! Главата горе!“. напиша Марија Шерифовиќ на Твитер кога ја слушна изведбата на Илма.

 

 

Маид Хечимович ја отпеа песната „Ствари лагане“ на бендот Тути Фрути. Кристина и понатаму тврди дека Маид е човек-драма, како што го нарече после првата аудиција. Единствен совет кој таа го има за него е да научи да ја контролира својата драма во настапите. Кики искоментира дека успеал сите да ги врати во 80-те.

 

 

Девојките од групата 4U се претставија со песната „Summertime Sadness“ од Лана Дел Реј. Лукијан Ивановиќ ја испеа песната „Love me again“ од Џон Њуман. Харис Чато, со повредена нога, ја испеа песната „Све је лаж“ од Дино Мерлин. Тамара Милановиќ го одушеви жирито со песната „Jar of hearts“ од Кристина Пери.  

 

 

Во ревијалниот дел, како што најавивме, со свои настапи се појавија Јелена Розга и Дорис Драговиќ. Публиката одлучи дека во дуелот треба да влезат Александра Брковиќ и Александра Секулиќ. Резултатот на овој дуел беше и повеќе од јасен уште пред да пресуди жирито. Со три НЕ дома си отиде Александра Секулиќ за која повеќето коментираа дека е вратена во шоуто поради тоа што изгледа убаво, а не оти пее убаво.

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новиот Кајмакоски го расплака жирито на „Икс фактор“

  Давид Темелков е новиот македонски икс фактор     22-годишниот Скопјанец Давид Темелков е …