Почетна / МК Сцена / Досега продадени над 5.000 влезници за концертот на Продиџи (Охрид)

Досега продадени над 5.000 влезници за концертот на Продиџи (Охрид)

 

14 август, стадион “Билјанини извори”

 

По низа успешни и неусопешни концерти на имиња од соседна Србија, ова лето концертната еуфорија ја достигнува кулминацијата со концертот на единствените Продиџи. До денес се продадени над 5 илјади влезници за претстојниот концерт на еден од најголемите концертни бендови на светот на сите времиња, The Prodigy, кој ќе се одржи на 14-ти август, на стадионот „Билјанини извори“, во рамките на фестивалот Ohrid Calling 2016. Се очекува да биде надминат рекордот од концертот на Lenny Kravitz (12.000 посетители).

 


 

The Prodigy доаѓаат во Македонија во зенитот на својата кариера, кога тие се огромен скоро стадионски бенд, хедлајнери на речиси сите европски и светски фестивали, и тоа една година по излегувањето на нивниот последен албум „The Day Is My Enemy“, кој четврти пат по ред бендот го освои првото место на британската топ листа на албуми.

 


 

На концертот на The Prodigy, кој важи за еден најомилените бендови на македонската публика, oчекуваме Охрид да биде „нападнат“ од околу 15 илјади посетители од Македонија и од регионот. Како што неодамна тие најавија, за момците од The Prodigy можно е ова да биде дури нивна последна турнеја, а ова беше можеби и последна можност да ги донесеме во Македонија.

 


 

Влезниците за овој концертен спектакл ќе можете да ги набавите на сите продажни места на Купи Карти За Се и Тикет Плус, како и онлајн.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Популарниот водител Стефан најавува летен музички хит

Оваа недела (18 август), точно во 17 часот ќе биде промовиран видео записот за првата …