Почетна / Филм / Италијанска комедија, канадски трилер и романси на Телма

Италијанска комедија, канадски трилер и романси на Телма

сабота (20 јуни 2020), 19.15 часот – Manuale d’am3re (2011)

Италијанска романтична комедија за три љубовни двојки и неочекуваните пресврти во нивните животи со Моника Белучи и Роберт Дениро во главните улоги.

сабота (20 јуни 2020), 22.15 часот – Bel Canto (2018)

Позната сопранистка (Џулијан Мур) патува во земја со воена диктатура во Јужна Америка за да настапи на приватен концерт за забава на еден богат јапонски индустријалист (Кен Ватанабе). Во текот на одржувањето на благородниот собир на дипломати и политичари, хациендата е под опсада на герилска група од отпорот, која бара слобода за нивни затворени членови.

Додека се затворени во куќата, заложниците и герилците, кои зборуваат различни јазици, се принудени да најдат начини за комуникација. Музиката, особено прекрасните арии од карактерот на Мур, певлива птица во кафез, предизвикува споделено чувство на единство, па и дури љубов, обединувајќи ги различните луѓе кои создаваат неочекувани врски, ги преминуваат разликите и откриваат споделена човечност.

недела (21 јуни 2020), 20.00 часот – Sherlock Holmes, the lying detective (2017)

За Смит единствениот начин неговата ќерка Фејт и сите други да го заборават неговото признание е новата дрога. Фејт исчезнува, а Шерлок паѓа во немилост и води нова битка во третата епизода од четвртата сезона на Шерлок.

недела (21 јуни 2020), 22.15 часот – Even money (2006)

Зависноста од коцкање ги прикажува приказните на тројца луѓе (Ким Бесинџер, Форест Витакер, Ник Канон) кои немаат ништо заедничко освен проблемот кој им ги уништува животите.

понеделник (22 јуни 2020), 23.15 часот – How to talk to girls at parties (2017)

Вонземјанин што ја обиколува галаксијата се оддалечува од нејзината група и запознава двајца млади жители на за неа најопасното место во универзумот: лондонското предградие Кројдон. СФ романтична комедија, базирана на кратка приказна од Неил Гејман.

вторник (23 јуни 2020), 23.15 часот – Octobar gale (2014)

Канадски трилер промовиран на фестивалот во Торонто, кој зборува за една докторка (Патриша Кларксон) која ќе згрижи мистериозен човек со прострелна рана.

Почнува бура, а убиецот се враќа да ја доврши задачата…

среда (24 јуни 2020), 23.15 часот – The best offer (2013)

Вирџил Олдман (го игра Раш) е богат, познат и бескрупулозен човек кој го жртвува приватниот живот поради својата страст кон собирање уметнички дела.

Најголема радост му причинува неговата тајна збирка на женски портрети од секоја уметничка епоха и од секој жанр, што ја собирал на нечесен начин, со помош на пријателот Били Вислер (го игра Сатерленд). Кога една наследничка бара совет од Вирџил за да ги продаде уметничките дела што ги наследила од родителите, тој се нервира, зашто таа сака да комуницираат само по телефон. Набрзо, оваа мистерија го опседнува и Вирџил. Италијански психолошки трилер во режија на Џузепе Торнаторе.

четврток (25 јуни 2020), 23.15 часот – Whiteout (2009)

Кери има само три дена да го пронајде убиецот. На Антартикот наскоро почнува период кога сонцето заоѓа и нема да се појави во наредните шест месеци. Кери не е свесна дека таа одеднаш е вмешана во мистерија стара над 60 години и дека убиецот е подготвен повторно да нападне за да ја заштити мрачната тајна.

Сега, кога почнува да расте бројот на жртви, лојалноста почнува да се менува и доаѓа до серија смртни случаи во леденото опкружување, а американскиот шериф кој само сакаше да избега од студот, мора да вложи дополнителни напори за да го фати убиецот пред заслепувачкиот бел снег да биде заменет со смртоносната темница на зимата.

петок (26 јуни 2020), 22.15 часот – Paper year (2018)

Една млада двојка се венчава набрзина. Првата година од бракот, за нea е вистински предизвик, но доведува до неочекуван пресврт во нивните животи.

Енди Мекдауел и Ева Хјусон во канадската романтична драма.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

96-тото издание на филмските Оскари во недела на МРТ 1

В недела, 10 март од 23.30 ексклузивно на Македонската Телевизија ќе се емитува преносот од …

error: Содржината е заштитена!