Почетна / МК Сцена / Министерот за култура : Одлуките на МРТ за музички субвенции се незаконски

Министерот за култура : Одлуките на МРТ за музички субвенции се незаконски

 

МТВ не смее да дели субвенции на пејачите

 

Министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски одржа денес во Битола прес-конференција, на која изјави дека по добивањето на одлуките на МРТ по објавен конкурс според Законот за поддршка на домашната музичка продукција, денеска упати инспекциски надзор којшто констатираше дека длабоко се пробиени роковите за носење на овие одлуки и согласно тоа одлуките треба да бидат поништени.

 

 

Како што изјави министерот Алаѓозовски, од страна на инспекцискиот надзор, раководството на МРТ било предупредено дека се соочува со кривична одговорност поради овие незаконски донесени одлуки, со кои се создава штета по Буџетот и кои претставуваат злоупотреба и несовесно работење во службата. „Исто така раководството на МРТ беше предупредено дека склучувањето на договори со авторите по овие одлуки ќе предизвика дополнително кршење на Законот и нови основи за кривична одговорност“, потенцираше министерот за култура на денешната прес-конференција во Битола.

 

 

Министерот за култура посочи и на други неправилности од работењето на МРТ при реализирањето на овие конкурси заради пробивање на рокови, конкурирање на некои автори со исти песни на два конкурса, за што добивале средства, избор на одредени членови на комисиите коишто не ги исполнуваат законските услови или пак воопшто во својата кариера не работеле на позиција музички уредници, овозможување на некои автори да добиваат пари и преку категоријата „изведувачи“, а некои други за истата причина биле одбивани од конкурси.

Во праксата биле утврдени и повеќе случаи каде што еден изведувач конкурирал и добивал средства во повеќе категории во рамки на ист конкурс или пак членови сопружници доделувале средства на членови од семејството како на комисијата. 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концерт на Funk Shui во културно-едукативниот центар Лабораториум

Funk Shui ја одбележаа 2023та со преку 20 концерти во Европа и на Балканот (Берлин, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!