Почетна / Серии / Рускиот класик „Војна и мир“ од овој викенд ќе заживее на ТВ Сител

Рускиот класик „Војна и мир“ од овој викенд ќе заживее на ТВ Сител

 

Сабота – недела, 17 часот – филмска екранизација на делото на Толстој

 

Четири продолженија во два викенда. Оваа сабота (13 јануари), оваа недела (14 јануари), како и следната сабота (20 јануари) и следната недела (21 јануари) на телевизија Сител во 17 часот ќе биде емитуван мини серијалот “Војна и мир”, екранизација на најпознатиот руски класик на Толстој.

 

 

Во “Војна и мир” ги следиме настаните кои довеле до француската инвазија на Русија, како и влијанието на ерата на Наполеон врз царистичкото општество, што се гледа преку судбините на неколку руски аристократски семејства. Во живи слики е прикажано расипништвото и подлоста на највисокото друштво, бесмислениот живот на московските благородници, кариеризмот на јавните работници, неспособноста и себичноста на воените старешини.

 

 

„Војна и мир“ започнува за време на една воена ноќ помеѓу Франција и Русија. Аристократите на еден коктел загрижено зборуваат за насилството кое надоаѓа, но потоа ја менуваат темата зборувајќи за работите за кои аристократите очигледно најмногу се грижеле: пари, секс и смрт.

 

 

Наместо главни ликови, гледачите се сведоци на една голема мрежа на врски и прашања. Дали несреќниот и нелегитимен син на еден гроф ќе се ожени со една преубава принцеза која обожава да прави сплетки? Дали неговиот единствен пријател ќе ги преживее австриските воени полиња? А што ќе се случи со таа фина, млада девојка која ќе се заљуби во двајца мажи истовремено? Вистинските историски ликови се мешаат со сите овие измислени луѓе.

 

 

Љубов, интриги, желба за победа и желба за мир, судир меѓу богатите и сиромашните, приказ на една историска Русија. Серијата е во копродукција на луѓе од Русија, Франција, Германија, Полска и Италија. Режијата му припадна на Роберт Дорнхелм, а сценариото беше напишано од страна на Лоренцо Фавела, Енрико Медиоли и Гевин Скот.

 

 

Мини серијалот се закити со многубројни меѓународни признанија и награди, а во него Александар Бејер ја игра главната улога на Пјер, а останатата актерска екипа ја сочинуваат Малколм Мекдауел, Клеменс Поеси, Алесио Бони, Пилар Абела, Џ.Кимо Албас, Кен Дукен, Џуозапас Бегдонас и Тони Берторели.

 

Дани | ТВ Пакет

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„2010-тите“ на МТВ 1, нов документарец во низата серијали за декадите

Американската серија „2010-тите“ е дел од документариот серијал „Децениите“, продуциран од Том Хенкс и Гери …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!