Почетна / Телевизија / Репризи на српски серии и емисии на Алфа и во новата ТВ сезона

Репризи на српски серии и емисии на Алфа и во новата ТВ сезона

 

“Домаќине, ожени се” повторно на Алфа телевизија

 

Веќе подолг период на Алфа телевизија не може да се забележи ниедна нова премиерна странска серија или ниедна премиерна емисија од соседството, кои до ланската сезона беа главен адут на оваа телевизија. Па така, и во новата телевизиска сезона на Алфа продолжуваат репризите на веќе емитуваните содржини од минатите години (Куќа од срце, Пеколна кујна, Домаќине ожени се, Работна акција, Монтевидео, Семејно богатство, Фолк, Зачадеана меана, Браво шоу, српски филмови, итн.).

 

За потсетување, емисијата “Домаќине, ожени се!” има за цел на вредните домаќини и селани од Србија да им помогне да ја најдат љубовта на својот живот. Романсата на село може да започне! Домаќините се спремни, нивните фарми исто така, останува да дојде жената која ќе го смени животот на нашите домаќини. Учесници се десет селани, кои во своето село не може да најдат жена за себе, што поради обврските што го имаат што поради малиот број на жени останати во селото. Девојките доаѓаат од град, најпрво домаќинот бира пет, потоа остануваат две кои ќе мора да живеат со него на фармата и на крајот он ја бира вистинската жена за себе. Во потрагата по сродна душа ќе им помага водителката Тијана Чуровиќ.

 

 

“Domaćine, oženi se” е правено по лиценца на британското “Farmer wants a wife”, прв пат емитувано во Велика Британија во 1991 година. Од тогаш па навака, многу земји имаат направено свои верзии на шоуто, меѓу кои и Хрватска каде беше наречено “Ljubav je na selu”. Оваа верзија на Алфа е веќе неколку пати репризирана, а во сезоната 2016/2017 повторно се репризира во ударниот термин од 20 часот.

 

Дани  | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ИНРЕКОМ со анализа за реформата на регулаторните тела во држававата

Институтот за развој на електронски комуникации ИНРЕКОМ Скопје спроведе анализа на состојбата во поглед на …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!