Почетна / Телевизија / Политичката драма „House of cards“ од понеделник во 21 часот на МТВ 1

Политичката драма „House of cards“ од понеделник во 21 часот на МТВ 1

 

Популарниот политички трилер од понеделник и во Македонија

 

Од понеделник конечно нешто ново на Државната телевизија. Серијата која се најавуваше уште од минатата сезона започнува овој понеделник, 19 септември во 21 часот. Се работи за политичката драма “Куќа од карти” во која главните улоги ги толкуваат Кевин Спејси, Робин Рајт, Мајкл Кели, Нејтан Дароу, Мајкл Гил.

 

 

“Куќа од карти” е бескомпромисна студија на мрачната страна на американскиот политички состав, сплетки зад кулисите на примерната политичка сцена и една од најеминентните играни серии на денешницата. Во овој политички трилер ќе дознаете што се’ спремни луѓето да направат за моќ и докаде оди амбицијата во корумпираниот политички врв на Вашингтон.

 

 

Серијата го следи животот на еден високопозициониран демократ, Френк Андервуд (Кевин Спејси), доминантен, шармантен, харизматичен и немилосрден човек. Тој и неговата амбициозна сопруга не отстапуваат од ништо за да успеат во животот и да ја остварат својата цел. Откако претседателот на САД го прекршил ветувањето дека Френк ќе биде државен секретар, тој решава да им се одмазди на сите што го предале. Со сопругата, со која има чудна и нераскинлива врска а која ја раководи најголемата хуманитарна организација, Френк кова план кој е многу сложен и опасен и вклучува сè што може да направи еден политичар.
 
 
 
 
Серијата им дава можност на гледачите да ѕирнат што се случува зад затворените врати на политичарите, чиј живот е проткаен од интриги и сплетки и што сè прават за моќ.
„Куќа од карти“ освои многу награди, меѓу кои наградата Еми за најдобро сценарио и телевизиската награда БАФТА што ја доби извонредниот Кевин Спејси кој ја има главната улога. Снимена е според романот на Мајкл Добс и истоимената мини серија на Би-би-си од 1990 година, во која главната улога ја толкуваше Ијан Ричардсон.
Својата премиера на балканските телевизии ја имаше пред две години, но сега оние кои не ја погледнале на ХРТ или преку интернет, ќе може тоа да го сторат од понеделник на Македонската телевизија.
 
 
Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ИНРЕКОМ со анализа за реформата на регулаторните тела во држававата

Институтот за развој на електронски комуникации ИНРЕКОМ Скопје спроведе анализа на состојбата во поглед на …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!