Почетна / Телевизија / Беар Грилс продолжува на Дискавери со нови авантури, од оваа недела

Беар Грилс продолжува на Дискавери со нови авантури, од оваа недела

 

Дискавери, 21 часот, недела – нови авантури на Беар Грилс

 

 

Експертот за преживување и авантурист Беар Грилс повторно е во акција, но овој пат не е сам. Со него се луѓе кои треба да го поминат нивниот пат и да се соочат со своите стравови. Во секоја епизода тој е придружуван од двајца кои имаат сериозни фобии и пречки преку кои треба да поминат низ едно  патување во дивината.

Новата сезона “До крајни граници” која со емитување ќе започне од 5ти април во 21 часот, прикажува како може да се победат стравовите со т.н. терапија на изложување. Беар во новата сезона ќе се прикаже како советник кој ќе се обиде да ги однесе учесниците до таа точка во која ќе мораат да се соочат со стравот и да го прифатат.

Стравот од височина, инсекти, стаорци, вода, се победуваат во серијалот , а Беар на тест ги става и неговите вештини за преживување и  заштита.  Беар сака да им прикаже на учесниците дека тие во себе поседуваат доволно сила и упорност, а само дивината може да ги научи како да го победат стравот и фобијата. Тој верува дека ако можат да поминат преку ова, ќе можат да направат сè во животот.

 

 

Сепак не смее да се заборави дека позади секој учесник стои цел тим кој доколку нешто тргне наопаку, тие се тука да дадат дополнителна поддршка. Дали сите ќе успеат во својата намера да го победат стравот останува да проследиме.

Во емисијата, Бер ја поставува умешноста за преживување на повисоко ниво, откривајќи неверојатни приказни на секојдневните луѓе кои се нашле заробени во безизлезна ситуација. Надополнето со архивкски снимки и интервјуа со преживеаните, Бер повторно ќе се најде во нови опасности, повторно преживувајќи ги нивните приказни и покажувајќи ни како да преживееме во некои од најосамените предели на нашата планета.
„Станува збор за нов увид во човечкиот дух кој се наоѓа под голем притисок. Тој ги спојува емоциите и искуството од реалниот живот во облик на забавна емисија што ги прославува инстинктот, напорот и волјата за преживување и покрај предизвиците на Мајката природа“, наведуваат од Discovery.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ААВМУ ја осуди изјавата на Ковачевски во врска со медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува изјавата на претседателот на политичката …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!